ФРИЗЕР – ОСНОВЕН КУРС

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата за работа Фризер – основен курс им овозможува  на учесниците преку теоретска и практична настава да се оспособат да го организираат просторот и работата во фризерскиот салон, да разликуваат  типови коса, да спроведуваат фризерски постапки во нега на косата, да комуницираат со клиенти и соработници. Времетраењето на програмата е 3,5 месеци, односно 210 часа, од кои теорија 42 часа, пракса 147 часа и оценување 21 час. Теоретскиот дел на наставата ќе се реализира  во училница, кабинет опремен според соодветни технички услови, а практичниот дел во фризерски салон. Оценувањето ќе се спроведува континуирано по секоја тема во тек на обуката и на крај како завршен испит. Учесниците кои со успех ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со Сертификат за Фризер – основен курс по верифицирана програма. Програмата нуди можност за напредување на повисоко ниво за фризер.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

По завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен за:

– изведување на работи и работни задачи  во фризерски салон,

– планирање, организирање на простор и работа во фризерски салон,

– спроведување на дезинфекција и стерилизација во салонот,

– подготвување на алатот, приборот и материјалот за работа,

– прием на клиент,

– подготвување на работно место и клиент,

– проценување на состојба на коса,

– миење, негување и регенерација на коса,

– потстрижување на коса,

– обликување на коса,

– ондулирање на коса,

– боење на косата,

– применување на мерки за заштита на здравјето на клиентите и околината

– демонстрирање позитивен однос  кон работата и  кон клиентот,

– применување на  основни правила на однесување.

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено основно образование и возраст над 15 години, без претходно стекнати знаења за ова занимање.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

42

Пракса

147

Оценување

21

Вкупен број на часови

210

По завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен за:

– изведување на работи и работни задачи  во фризерски салон,

– планирање, организирање на простор и работа во фризерски салон,

– спроведување на дезинфекција и стерилизација во салонот,

– подготвување на алатот, приборот и материјалот за работа,

– прием на клиент,

– подготвување на работно место и клиент,

– проценување на состојба на коса,

– миење, негување и регенерација на коса,

– потстрижување на коса,

– обликување на коса,

– ондулирање на коса,

– боење на косата,

– применување на мерки за заштита на здравјето на клиентите и околината

– демонстрирање позитивен однос  кон работата и  кон клиентот,

– применување на  основни правила на однесување.

Датум на верификација

19/03/2019

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content