Фризер за жени – негување и потстрижување на коса

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетемции кои ќе му овозможат работно оспособување за занимањето Фризер, за вештините на негување, обликување и потстрижување на женската коса.

Времетраењето на програмата е 240 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби. По завршување на секоја тематска единица учесниците ќе имаат дел и за оценување на нивното стекнато знаење. Материјата ќе се соовлада преку четири (4) тематски единици:

  1. Прием на клиенти во салон, организирање на работата во салонот и одржување на работниот алат и опрема
  2. Миење, негување и третмани на коса и скалп
  3. Сушење обликување и фенирање на коса
  4. Потстрижување на коса

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Фризер за жени – негување и потстрижување на коса“

Теоретската и практичната обука ќе се реализира во фризерски салон, во простории опремени со соодветни фризерски алати и опрема. Реализацијата на обуката преку практични вежби, ќе се одвива преку реални вежби, обработка на секојдневни фризерски работи и соработувајќи со останатите вработени и клиенти со кои ќе разменува информации важни за ефикасно извршување на работата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесникот се спроведува по завршувањето на реализацијата на теоретскиот дел преку проверка на знаење, а по завршување на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат и стекнат вештини и компетенции.

По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит и се стекнува со сертификат „Фризер за жени – негување и потстрижување на коса”.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

Учесникот по успешното завршување на програмата е оспособен да:

  • врши прием на клиенти и ја организира работата во салонот
  • го проверува квалитетот на косата и ја констатира состојбата на истата
  • применува техники на миење и негување на косата и скалпот
  • извршува масажа на скалпот
  • применува техники на сушење, обликување и фенирање на влажна и сува коса
  • применува техники на потстрижување на женската коса

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Минимум завршено основно образование. Кандидатите треба да бидат постари од 15 години.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

49

Пракса

166

Оценување

25

Вкупен број на часови

240

Учесникот по успешното завршување на програмата е оспособен да:

  • врши прием на клиенти и ја организира работата во салонот
  • го проверува квалитетот на косата и ја констатира состојбата на истата
  • применува техники на миење и негување на косата и скалпот
  • извршува масажа на скалпот
  • применува техники на сушење, обликување и фенирање на влажна и сува коса
  • применува техники на потстрижување на женската коса

Датум на верификација

31/07/2019

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content