Статистичка анализа и обработка на податоци

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Статистиката е наука за собирање, опис, презентација, анализа и интерпретација на податоци и како таква има соодветна примена во практичното работење со бази на податоци. Постојат два основни видови на статистика: дескриптивна и инференцијална. Дескриптивната статистика се занимава со собирање, презентација и опис на податоци, а инференцијалната со добивање на одговор на определени прашања со примена на статистички тестови.

Иако основата на статистиката е математиката и теоријата на веројатноста, во современи услови нема потреба од познавање на комплексните математички формули и пресметки, бидејќи статистичката обработка и анализа на податоци се врши преку специјализирани софтверски програми.

Образовната програма за статистичка анализа на податоци опфаќа суштинска теоретска обука за процесот на статистичка анализа на податоци и техничка обука за статистичка анализана податоци во компјутерска програма.

Техничката обука ќе биде спроведена на компјутерската програма PSPP, бесплатен софтвер за статистичка анализа на податоци, изработен по примерот на најчесто користениот софтвер за статистичка анализа на податоци во практичното работење SPSS на IBM корпорацијата.

Овој вид на вештини може да се примени во сите области каде што постојат големи бази на податоци:

  • Економија, финансии, бизнис, маркетинг, човечкиресурси;
  • Медицина, биологија, психологија, епидемиологија, фармација;
  • Екологија, демографија….

Поради недостатокот на кадар кој располага со овие вештини на македонскиот пазар на трудотстекнатиот сертификат за знаења, вештини, способности и компетенции за статистичка обработка и анализа на податоци би требало да ги зголеми конкурентните предности на учесниците во обуката.

Програмата ќе трае 25 часови, а часовите ќе се одржуваат 2 неделно.

 

 

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено средно образование; основни познавања за компјутерско работење

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

10

Пракса

15

Оценување

Вкупен број на часови

25

Датум на верификација

10/06/2020

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content