СЛУЖБЕНИК ВО СМЕТКОВОДСТВО

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата за обука на сметководител овозможува стекнување на професионални квалификации, знаење и вештини кои се утврдени во модули и модуларни единици. Теоретскиот дел содржи модули со кои учесникот на обуката се стекнува со потребните теоретски знаења. Со практичниот дел од програмата се реализира практично учење заради стекнување со практични знаења. Основна цел на Програмата е усовршување, доквалификација или преквалификација на лица за вршење сметководствени услуги за задоволување на потребите на пазарот на трудот согласно потребата од страна на бизнис заедницата за истите.

Програмата за сметководител е наменета за лица кои сакаат или имаат потреба од стекнување на познавања од сметководственото работење, проширување на постоечки знаења и вештини или учење на нови, а заради полесно вклучување на пазарот на трудот. Програмата нуди тематски целини од сметководството како што се: применува и следи важечка законска регулатива и сметководствени политики и правила, врши почетна сметководствена евиденција, ликвидира влезни и излезни документи, изработува сметководствана документација. изготвува, зачувува и испорачува интерна и излезна документација. Учесникот пополнува соодветни финансиски инструменти, проверува точност, води соодветни книги и соодветно ја чува документацијата, врши пресметковни и готовински работи и тоа пресметува плата, врши пресметка и исплата на даноци, уплати и исплати, евидентира сметководствени настани врз основа на документи во деловни книги, учествува во изработка на финансиски извештаи, годишна сметка и финансиски планови.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Минимум 17 годишна возраст, минимум средно четиригодишно образование

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

60

Пракса

120

Оценување

Вкупен број на часови

180

Датум на верификација

30/09/2020

-

Штип

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content