Службеник во сметководство

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаење, вештини и компетенции за основи на
сметководство и водење на сметководствена евиденција.
Програмата состои од 15 теми, поделени во 3 модули.
Програмата ќе се реализира преку стручно-теоретска и практична настава. Теоретската настава ќе се
реализира преку предавања, шематски прикази и презентирање на документација. Практичната обука
ќе се реализира со обработка на документација од трговски друштва кои се занимаваат со трговија,
услуги и производство, и изведување на вежби. Ќе се користат наставни методи: водење насочена
дискусија, решавање на проблеми и симулација на реални ситуации, учење преку сопствено
откривање, независни задачи, задачи од практиката,тимска работа.
Оценување на постигнувањата на кандидатите ќе се врши преку континуирано следење во текот на
обуката: усно и писмено-преку тестови и проекти, креативност, постигнувања на резултати од тимска
работа, индивидуални домашни задачи.
Времетраењето на програмата е 120 часа распоредени во 3 месеци.
Наставниот кадар кој учествува во реализација на програмата има завршени студии по економија
(дипломирани економист, VII степен ( 240 ЕКТС). Со својот начин на изразување, углед, појава,
подготвеност за дополнителна работа, образование, систем на вредности и идеали ги мотивира и
позитивно на оние околу него. Соработува со стручни институции, партнери и соработници, поседува
способност за: изведување на настава и комуникација со учениците, примена на современа ИТ
технологија, планирање, организирање, воведување новини во наставниот процес, и е
комуникативен и креативен.
Теоретската обука ќе се одвива во кабинет опремена со наставни средства, а практичната обука во
простории опремени со информатичка технологија и софтвер за сметковотство.
На крајот на обуката учесниците ќе полагаат завршен испит.
По успешно завршена обука учесниците ќе се стекнат со сертификат за работна оспособеност за
службеник во сметководство.
Успешното завршување на оваа програма ќе ја зголеми конкурентноста на учесниците на берзата на
трудот за работните места од областа на сметководството и ќе ја зголеми можноста за негово
понатамошно усовршување во истата област.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

По завршувањето на обуката според програмата, учесникот да може активно да се вклучи на пазарот на труд и
да биде подготвен:
– Практично ги применува стекнати знаења, вештини и способности;
– Применува законска регулатива , МСС и МСФИ;
– Применува сметковен план при евиденција на сметководствените настани;
– Прави контрола на исправноста на сметководствените документи;
– Да врши класификација на сметководствени настани согласно сметковниот план;
– Врши класификација и евидентирање на средства и извори на средства,
– Да евидентира капитал, обврски, трошоци, приходи и расходи;
– Применува различни начини на пресметка на амортизацијата;
– Изработува калкулации и врши пресметки на даноци и други давачки и евидентира сметководствени
настани согласно интерно сиздадената влезна документација;
– Извршува пресметка на плати, придонеси и данок на личен доход;
– Применува методи на вреднување на залихите (утврдување на трошоците за продадени производи и
услуги);
– Води книга на влезни и излезни фактури;
– Има разбирање на автоматизацијата на процесите и тоа од изготвување на сметководствените документи,
до бележење на деловните настани во сметководствениот информациски систем;
– Прави проверки и пресметки пред изготвување на даночни извештаи;
– Изработува даночни пријави согласно законски рокови, извршува нивно евидентирање и поднесување до
релевантни институции
– Прави проверки и пресметки пред изготвување на финасиските извештаи;
– Евидентира пресметка и распределба на финансиски резултат;
– Изработува финансиски извештаи (биланс на успех и биланс на состојба)

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Минимум 17 годишна возраст;
 Минимум средно четиригодишно образование;

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

28

Пракса

80

Оценување

12

Вкупен број на часови

120

По завршувањето на обуката според програмата, учесникот да може активно да се вклучи на пазарот на труд и
да биде подготвен:
– Практично ги применува стекнати знаења, вештини и способности;
– Применува законска регулатива , МСС и МСФИ;
– Применува сметковен план при евиденција на сметководствените настани;
– Прави контрола на исправноста на сметководствените документи;
– Да врши класификација на сметководствени настани согласно сметковниот план;
– Врши класификација и евидентирање на средства и извори на средства,
– Да евидентира капитал, обврски, трошоци, приходи и расходи;
– Применува различни начини на пресметка на амортизацијата;
– Изработува калкулации и врши пресметки на даноци и други давачки и евидентира сметководствени
настани согласно интерно сиздадената влезна документација;
– Извршува пресметка на плати, придонеси и данок на личен доход;
– Применува методи на вреднување на залихите (утврдување на трошоците за продадени производи и
услуги);
– Води книга на влезни и излезни фактури;
– Има разбирање на автоматизацијата на процесите и тоа од изготвување на сметководствените документи,
до бележење на деловните настани во сметководствениот информациски систем;
– Прави проверки и пресметки пред изготвување на даночни извештаи;
– Изработува даночни пријави согласно законски рокови, извршува нивно евидентирање и поднесување до
релевантни институции
– Прави проверки и пресметки пред изготвување на финасиските извештаи;
– Евидентира пресметка и распределба на финансиски резултат;
– Изработува финансиски извештаи (биланс на успех и биланс на состојба)

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content