Службеник во сметководство

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата е наменета за лица кои сакаат да се стекнат со познавања од сметководство кои во иднина ќе им овозможи полесно вклучување на пазарот на трудот. Програмата се состои од повеќе теми, вкупно 8, во кои е опфатена и практична работа во книговодствено биро. Темите се поделени во 3 модули. Преку оваа програма учесникот се стекнува со знаења, вештини и компетенции кои претставуваат основа за изведување на дејноста, службеник во сметководство, но и основа за понатамошно проширување на знањата од областа на сметководството. Со оваа програма, учесниците се оспособуваат за работа со стекнати вештини, знаења и компетенции во областа службеник во сметкоодство а со тоа и подобар настап на пазарот на трудот. Бројот на часови е одреден според потребите на учесниците за стекнување на знаења и истиот изнесува: 60 часа за теоретска настава, 129 часа за практична едукација со компјутерски софтвер, примери од практиката и 10 часа за оценување и проверка на знаењето. По успешно завршената програма и позитивната оценка на завршниот испит учесниците добиваат Сертификат за програмата Службеник во сметководство.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

По завршувањето на програмата секој од учесниците ќе биде подготвен да:
-Ги разликува и применува информациите од сметководствените извештаи кои се наменети за деловните субјекти,
-Ги разликува средствата, изворите на средства, приходите, расходите и финансискиот резултат,
-Го идентификува капиталот во компанијата според неговата намена,
-Ги извршува пресметките кои се потребни за сметководствената евиденција,
-Ја применува евиденцијата на: средствата, изворите на средства, приходи, расходи и паричните текови,
-Ги применува калулациите и врши пресметка за потребите на сметководствената евиденција во доменот на материјалното и финансиското сметководство,
-Го применува контниот план,
-Го извршува контирањето на сметководствените настани,
-Го користи сметководствениот софтвер,
-Учествува во изготвувањето на финансиските извештаи.
-Ги класифицира и анализира пресметките кои се поврзани со распределбата на финансискиот резултат,
-Ја користи законската регулатива и стандарди кои се имплементирани во нашата држава согласно законските прописи.
-Ги користи и применува сметководствените принципи и правила.

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниците треба да ги исполнуваат следните услови:
-да имааат завршено најмалку четиригодишно средно образование,
-да бидат над 15 години

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

60

Пракса

129

Оценување

10

Вкупен број на часови

199

По завршувањето на програмата секој од учесниците ќе биде подготвен да:
-Ги разликува и применува информациите од сметководствените извештаи кои се наменети за деловните субјекти,
-Ги разликува средствата, изворите на средства, приходите, расходите и финансискиот резултат,
-Го идентификува капиталот во компанијата според неговата намена,
-Ги извршува пресметките кои се потребни за сметководствената евиденција,
-Ја применува евиденцијата на: средствата, изворите на средства, приходи, расходи и паричните текови,
-Ги применува калулациите и врши пресметка за потребите на сметководствената евиденција во доменот на материјалното и финансиското сметководство,
-Го применува контниот план,
-Го извршува контирањето на сметководствените настани,
-Го користи сметководствениот софтвер,
-Учествува во изготвувањето на финансиските извештаи.
-Ги класифицира и анализира пресметките кои се поврзани со распределбата на финансискиот резултат,
-Ја користи законската регулатива и стандарди кои се имплементирани во нашата држава согласно законските прописи.
-Ги користи и применува сметководствените принципи и правила.

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content