СЛУЖБЕНИК ВО КНИГОВОДСТВО

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата овозможува работно оспособување за занимањето Службеник во книговодство  и истата е со тромесечно времетраење, односно 380 часа  и опфаќа  стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница / кабинет и се во функција на практичната обука која пак се реализира преку практични вежби од книговодствени работи со сертифицирани (овластени) сметководители за различни видови трговски друштва  од производна  и трговска дејности на соодветни софтвери. Практичната обука се реализира преку реални вежби од работа на документација од трговски друштва  кои се занимаваат со производство и трговија; набавка и продажба на суровини, испорака  и продажба на стока и услуги и сите промени што овозможува учесникот административно за време на обуката да прати и операционализира промени во потребни книговодствени процеси почитувајќи ја законската регулатива, да соработува  со останатите вработени  и тимот,  деловните партнери, институциите  и/или клиентите со кои ќе  разменува информации важни за ефикасно  извршувањето на работата, и ќе биде овозможена  квалитетна комуникација со клиентите и деловните партнери, заштита на работната и животната околина. По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит и се здобива со сертификат Службеник во книговодство

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе се оспособи за  изведување на работи од сметководственото работење  во трговски друштва од производна и трговска дејност, ќе ја планира, организира  и контролира работата, ќе користи информатички систем за сметководство ќе  евидентира сметководствени настани врз основа на влезна и излезна документација, ќе води деловни книги и пресметковни работи за трошоците, сметководство на материјалниот и нематеријалниот имот, ќе ликвидира  влезни и излезни документи  ќе изготвува   годишна сметка и финансиски извештаи според урнеците на УЈП, ќе доставува  информации за интерна и екстерна  контрола и интени и екстерни  корисници, ќе почитува и применува пропишана законска регулатива  и стандарди, тимски ќе  работи и соработува, ќе ги користи безбедно средствата за работа, ќе ги познава правата и должностите од работен однос .

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено најмалку 17 годишна возраст и завршено средно образование

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

114

Пракса

228

Оценување

38

Вкупен број на часови

380

Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе се оспособи за  изведување на работи од сметководственото работење  во трговски друштва од производна и трговска дејност, ќе ја планира, организира  и контролира работата, ќе користи информатички систем за сметководство ќе  евидентира сметководствени настани врз основа на влезна и излезна документација, ќе води деловни книги и пресметковни работи за трошоците, сметководство на материјалниот и нематеријалниот имот, ќе ликвидира  влезни и излезни документи  ќе изготвува   годишна сметка и финансиски извештаи според урнеците на УЈП, ќе доставува  информации за интерна и екстерна  контрола и интени и екстерни  корисници, ќе почитува и применува пропишана законска регулатива  и стандарди, тимски ќе  работи и соработува, ќе ги користи безбедно средствата за работа, ќе ги познава правата и должностите од работен однос .

Датум на верификација

13/05/2019

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content