Слаткар

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главната цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаење, вештини и компетенции од областа на приготвување на слаткарски производи. Слаткарот подготвува слаткарски производи и извршува основни слаткарски задачи под надзор на постар слаткар. Слаткарот ги разбира и извршува основните функции во секој дел од слаткарското одделение во кујната или во професионалната слаткарница. Слаткарот е способен да подготвуваа, готви и завршува разни видови слаткарски производи. Ги знае постапките и техниките за приготвување на одделните видови слатки теста, кремови, пудинзи, премази и преливи, ја знае правилната постапка за прилагодување на температурата на печење на секој одделен производ и применува техника при декорација на слатките. Користи соодветни алати при подготовка на слатките и при нивна декорација. Процесот на учење на секој слаткар значително ќе се разликува од еден до друг поединец, но основите на оваа улога му овозможуваат на поединецот понатаму да напредува до идна улога на професионален слаткар. Исто така, слаткарот е способен да комуницира ефикасно и ефективно на работното место, да одржува безбедност и здравје во праксата со примена ХАССАП стандардите, да ја проектира и одржува работата во слаткарницата и да го планира, подготвува и контролира буџетот. Ги извршува работите во согласност со прописите за заштита на работната средина и околината, ги познава правата на работен однос и можностите за отварање и водење на сопствен бизнис.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесникот да има завршено најмалку основно образование

Возраст над 18 години, психофизички здрав и да поседува уреден санитарен преглед

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

24

Пракса

48

Оценување

0

Вкупен број на часови

72

Датум на верификација

25/11/2019

-

Бармен

Сомелиер

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content