Слаткар-гастроном

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

 

 

Програмата Слаткар гастроном е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на угостителството поточно од областа на слаткарството. Стекнатите знаења и вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот во организација и реализација на технолошкиот процес на приготвување слаткарски производи.

Во реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор), визуелни (демонстрирање), практични методи (практична работа- вежби) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на обуката ќе се применуваат наставни средства и помагала кои се дефинирани во ресурси, опрема за настава и учење (точка 7) Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку  следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно-излагање, писмено-тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти и практична работа- вежби.

Структурата на програмата за Слаткар гастроном е следна:

 

  • стручно-теоретски дел,
  • практична работа и
  • проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).

 

  1. Стручно-теоретскиот дел од обуката ќе се реализира во простории опремени со компјутери, интернет, аудио и видео опрема и сл. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализираат обучувачи со завршено високо образование, VII/1 степен, наставник со завршени студии по туризам и угостителство
  2. Практичниот дел од обуката ќе се реализира во просториите на установата/институцијата за образование на возрасните и/или во современо опремени угостителски објекти, а со кандидатите ќе работат професорите од установата/институцијата за образование на возрасните и/или професори ментори или слаткар со повеќегодишно работно искуство.
  3. Третиот дел од програмата за Слаткар гастроном е проверка на постигањата на кандидатите или завршниот испит.

Кандидатот кој  успешно ќе ја заврши обуката се  здобива со сертификат за Слаткар гастроном. Времетраењето на програмата е 180 часа. Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за угостителски работници.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено основно образование, навршени 17 години старост или работно искуство од минимум 3 години

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

75

Пракса

105

Оценување

0

Вкупен број на часови

180

Датум на верификација

13/04/2021

-

Скопје

Келнер гастроном

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content