Програмата овозможува работно оспособување на учесникот за работно место референт за логистика во рамките на превозно трговско друштво и/или други увозно/извозни трговски друштва. Учесникот добиваможност да стекне потребни вештини, знаење, работни навики и дисциплина, ќе развие правилен однос кон работните задачи, одговорност кон другите вработени и лица кои учествуваат во процесот на извршување на работните задачи (возила, возачи и трети лица корисници на превоз) ќе ја проценува улогатата на царинските органи во меѓународниот превоз ќе ги препознава правата и обврските од работниот однос, но и правата и обврските на превозникот согласно национални и мултинационални прописи за вршење на професијата, потребни за организација на превозот на стока со товарни превозни средства од патниот сообраќај (камиони) во внатрешен и меѓународен сообраќај.
Програмата опфаќа:
- Основни поими и карактеристики на работното место Референт за логистика,
- Превоз на стока во внатрешниот и меѓународен сообраќај со средствата на патниот сообраќај,
- Основни поими за видови на договори за превоз според Закон за договори за превоз во патниот сообраќај,
- Специфични видови на превоз и финансиски гаранции,
- Безбедност во сообраќајот,
- Осигурување во сообраќајот,
- Работно време, време на возење и задолжителен одмор на возач.
Програмата преку предвидената реализацијана теоретската и практична настава води до стекнување на Сертификат насловен како „Референт за логистика“.
Оспособувањето за извршување на работни задачи во својство на Референт за логистика се планира да се изврши во период од максимум тримесечно времетраење на програмата и тоа вкупно 150 часа од кои 50 часа за теоретска 85 часа практична настава и 15 часа наменети за проверка на постигнување на учесниците и нивно оценување за секоја тема пооделно. Предвидено е теоретскиот и практичниот дел да се изведува од 2 до 4 пати во неделата согласно со можностите на учесниците и тоа по максимум 5 часа ефективна настава. Теоретската и практичната настава се одвива во простории под менторство (или надзор) на предавач.Учесниците ќе бидат под менторство (или надзор) на стручни лица во својство на обучувачи од оваа област вработени во асоцијацијата како и лица кои повремено ќе се ангажираат по договор за повремена и привремена работа за одредени специфични теми како дел на севкупната програма.
Проверката на стекнатото теоретско и практично знаење на учесниците ќе се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел за секоја тема одделно преку проверка на знаењата со полагање на тест. После завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит. Завршниот испит ќе опфаќа проверка на теоретските знаења со полагање на тест по електронски пат, при што програмот автоматскигенерира прашања со 5 алтернативи,а учесникот веднаш се информира за положеноста на испитот.