Програмата овозможува работно оспособување на учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за самостојно ракување со виљушкар и управување на виљушкарот на работното место.
Програмата преку предвидената реализација на практична и теоретска обука води до стекнување на сертификат. (нема потреба два пати да стои)
Планирано е тримесечно времетраење на програмата и тоа вкупно 205 часа од кои 60 часа се за теоретска обука, 130 часа се за практична обука во работилница, погон или реални работни услови, 13 часа се наменети за оценувањето и 2 часа за самоевалуација. Предвидено е теоретскиот дел да се изведува од 2 до 3 пати во неделата, а практичниот дел ќе се изведува во реални услови, работилница или погон под надзор. Теоретската обука се одвива во училници или кабинети под менторство на професор а практичната обука ќе се изведува во реална компанија, учесниците ќе бидат под менторство на професор и ментор вработен во компанијата.
По успешното завршување на програмата учесникот ќе се оспособи за самостојна работа со виљушкар, ќе стекне работни навики и работна дисциплина, ќе применува средства за заштита при работа, ќе развие правилен однос и грижа како за сопственото здравје и безбедност така и за другите лица, ќе развие свест за правилен однос кон машините, алатите, опремата и стручна подготвка на виљушкарот, прецизност и одговорност при изведувањето на работните операции со виљушкар како што се: подигнување, задржување, спуштање и пренесување на товар, превентивно одржување на виљушкарот во исправна состојба и познавање на правата и обврските од работниот однос. Проверување на постигањата на учесниците ќе се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаењата, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини. После завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит. По успешно положениот завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат насловен како „Сертификат за самостојно вршење на работи и работни задачи ракувач на виљушкар“ по верифицирана програма од I ниво.
Програмата овозможува на учесниците вертикална проодност за II ниво.