ПЧЕЛАР ЗА ОРАНСКО ПЧЕЛАРЕЊЕ

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата дава можност учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при подигање на пчеларник за органско пчеларење, работа во органско производство на пчелини производи, примена на стандарди и контрола на квалитет на органско производството, правилно користење на машините, прибор, опремата и алатот за работа и основите за водење на мал бизнис за органско пчеларење.

Програмата е со времетраење од два и пол месеци или 160 часа и истата се состои од стручно теоретски содржини и практична обука. Стручно теоретските содржини се реализираат во училница / кабинет опремен со потребни нагледни средства, прибор и опрема за органско пчеларство и ја изведува дипломиран земјоделски инженер, или ветеренарен лекар Практичната обука се изведува од регистриран пчелар – практичар за органско производство, така што им се овозможува ефективно и ефикасно да ги постигнат поставените цели од Програмата.

За време на обуката се врши формативно оценување во текот на реализацијата на тематските целини и сумативно оцнување по завршувањето на секоја тематска целина и тоа преку усна и писмена проверка и практични изведби. По завршувањето на Програмата се полага завршен испит пред комисија со цел да се проверат стекнатите вештини и компетенции. По успешно завршената проверка учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Пчелар за органско пчеларење“.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

По завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен да:

  • ја планира, организира, изведува и контролира зададената работа;
  • применува технологии за интензивно органско одгледување на пчели;
  • избира потребни материјали, прибор и алати за работа во органското пчеларење;
  • подига и уредува пчеларник за органско пчеларење;
  • поставува пчелни семејства на локација за органско пчеларење;
  • врши прибирање на природни роеви и вештачко роење на пчелните семејства;
  • ги применува  основните принципи на органското пчеларење;
  • применува опрема за органско производство и средства за заштита  во органско пчеларење;
  • произведува различни органски производи од пчели: мед, полен, восок, млеч  и др.;
  • ги применува стандардите за пакување и пуштање во промет на органски произведен мед и други пчелини производи;
  • ги применува стандардите и го контролира квалитетот на работата;
  • комуницира со колегите,  претпоставените, потрошувачите и институциите;

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено основно образование и возраст над 17 години.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

48

Пракса

100

Оценување

12

Вкупен број на часови

160

По завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен да:

  • ја планира, организира, изведува и контролира зададената работа;
  • применува технологии за интензивно органско одгледување на пчели;
  • избира потребни материјали, прибор и алати за работа во органското пчеларење;
  • подига и уредува пчеларник за органско пчеларење;
  • поставува пчелни семејства на локација за органско пчеларење;
  • врши прибирање на природни роеви и вештачко роење на пчелните семејства;
  • ги применува  основните принципи на органското пчеларење;
  • применува опрема за органско производство и средства за заштита  во органско пчеларење;
  • произведува различни органски производи од пчели: мед, полен, восок, млеч  и др.;
  • ги применува стандардите за пакување и пуштање во промет на органски произведен мед и други пчелини производи;
  • ги применува стандардите и го контролира квалитетот на работата;
  • комуницира со колегите,  претпоставените, потрошувачите и институциите;

Датум на верификација

13/05/2019

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content