ПРOГРАМЕР ВО C++

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини од областа на програмирање во C++.
На почеток ќе се разгледа структурното програмирање, за да во вториот дел се помине на објектно програмирање во C++.
Се започнува со изработка на наједноставни програми, за да до крај на курсот се прават посложени програми.
Целокупната обука ќе се одвива во училници опремени со компјутери на кои има инсталирано некој од програмските едитори за пишување на програми во C++.
Ќе се изработат голем број практични програми кои се осмислени специјално за потребите на програмата.
Програмата се реализира преку теоретска и практична настава при што акцентот е ставен на практичната обука.
Времетраење на програмата е 104 часа: 48 часа се посветени на теоретска настава, 48 часа се практична обука, а 8 часа се посветени на оценување.
Оценувањето и вреднувањето на постигнатиот успех на учесникот при неговото следење на програмата се спроведува преку проверка на знаење – писмено (на теоретскиот дел) и изработка на програми директно на компјутер (на практичниот дел).
На крајот од обуката се спроведува завршен испит – кој исто така има писмен (теоретски) и практичен дел и преку него се проверува комплетно стекнатото знаење и вештина на кандидатот.
По завршувања на програмата и положениот завршен испит, учесниците се стекнуваат со сертификат „ПРОГРАМЕР ВО C++“.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

По успешно завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен за изработка на програми во C++, како во делот на структурно програмирање, така и во делот на објектно програмирање.

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено средно образование

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

48

Пракса

48

Оценување

8

Вкупен број на часови

104

По успешно завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен за изработка на програми во C++, како во делот на структурно програмирање, така и во делот на објектно програмирање.

Датум на верификација

08/07/2019

-

ПРOГРАМЕР ВО JAVA

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content