Послужувач

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне компетенции за примена на основните техники на угостителското послужување како и правилно користење на опремата и инвентарот за послужување.

Послужувачот во угостителски објект може да работи во барови, ресторани, кафетерии, конференциски центри, сали за банкети, хотели или изнајмени кетеринг служби. Улогата опфаќа широк спектар на активности и иако членовите на тимот за угостителски услуги се стремат да специјализираат во одредена област, тие треба да се прилагодливи и подготвени да ги поддржат членовите на тимот во индустријата, на пример во периоди на зголемен број гости. Улогата на послужувачот во угостителството вклучува послужување храна и пијалаци, но тој исто така треба да има познавање и разбирање од сите четири методи на послужување: формално, неформално, брза храна, шведска маса/бифе.

Важен дел од улогата е развивање на „угостителски“ вештини и познавање, како што се препознавање на потребите на клиентите, способност да се поврзат истите со производите и услугите во областа и работење како дел од тим со цел да се осигура дека секој клиент, без оглед дали јаде во ресторан, пие коктели во бар, нарачува собна услуга во хотел или учествува на бизнис конференција, се чувствува добредојдено и удобно.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесникот да има завршено најмалку основно образование

Возраст над 18 години, психофизички здрав и да поседува уреден санитарен преглед

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

24

Пракса

48

Оценување

0

Вкупен број на часови

72

Датум на верификација

12/12/2019

-

Бармен

Сомелиер

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content