Оператор за приватно сместување

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

 

Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции од областа на работењето во приватното сместување, како и правилно користење на средства за работа, опремата, намирници и инвентар. Операторот за приватно сместување извршува работни активности во сместувачките објекти поврзани со прием, сместување, послужување и испраќање гости.

Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука, а преку усна и писмена проверка, практична изведба и изработено портфолио води кон стекнување на сертификат за оператор за приватно сместување.

Времетраењето на програмата е 80 часа од кои 24 часа се стручна теорија, 48 часа се практична обука во реални работни услови и 8 часа се наменети за оценување. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата.

Верификацијата истекува во декември 30, 2024

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Основно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно средно образование (од било која струка/сектор) и возраст од најмалку 18 години.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

24

Пракса

48

Оценување

8

Вкупен број на часови

80

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content