Оператор за информациско моделирање на градби (BIM)

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

АДОРА Инженеринг ДООЕЛ експорт – импорт Скопје

+38923093200 072 204 022 proekti@adora.com.mk  info@adora.com.mk Орце Николов – 182А, 1000 Скопје

Програма за Оператор за информациско моделирање на градби (BIM) е дизајнирана програма за обука и поддршка на претпријатијата за воведување на работи во кои се употребуваат нови технологии на работните места, како и воведување на дигитални иновации. Програмата ќе им овозможи на учесниците да се стекнат со алатка за дигитално претставување на градба и нејзините карактеристики во целиот свој животен циклус, како и размена на информации помеѓу софтверски апликации што се користат во градежната индустрија. Во програмата ќе бидат вклучени учесници со професионално искуство со цел да ги подобрат применливите знаења и дигиталните вештини, со посебен фокус на одржливи методи и техники на градење и подобрувањето на енергетската ефикасност во целиот животен циклус на зградите, вклучувајќи го и одржувањето на зградите.

Програмата ќе се реализира преку теоретски часови кои можат да се изведуваат преку онлајн настава или со физичко присуство на учесниците и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со вештини за примена на софтверот за информациско моделирање на градби. Програмата е развиена врз основа на принципите на обуката за возрасни, со користење на методи и техники кои помагаат за развој на нови знаења и резултатите на постигнувањата на учесниците ќе бидат оценувани во текот на следењето на модулите, по завршувањето на секој модул, како и на крајот од процесот на обука и ќе се базираат на јасни поставени критериуми, кои гарантираат дека учесниците ќе ги стекнат потребните знаења, вештини и ставови. Оценувањето за секој модул ќе се спроведе со комбинација на пишан, устен и практичен дел. Клучно во обуката е активно учество во обуката на сите учесници. Процесот на обука ќе биде адаптиран согласно специфичните потреби на секој учесник во обуката.

Верификацијата истекува во ноември 16, 2024

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Во Програмата може да земат учество учесници кои ќе се пријават на отворениот повик. Учесниците да имаат знаење во една од следните области: градежништво, архитектура, машинство, електротехника, комуникациски технологии, економија и др.

Учесниците мора да ги имаат следните квалификации:

  • Завршено четиригодишно средно стручно образование од областите архитектура и градежништво,
  • Завршено високо образование од областите архитектура и градежништво,
  • Работно познавање и говорење на англиски јазик,

Ориентираност кон доживотно учење и ориентација кон континуирано развивање на своите персонални и деловни способности.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

65

Пракса

135

Оценување

0

Вкупен број на часови

200

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content