Обучувач на возрасни

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

 

После завршување на обуката учесникот ќе биде способен да спроведува обука на различни
целни групи за различни теми, области, подрачја согласно својата експертска позадина и
пренесува содржини и информации за одредени постапки, процеси и процедури, зависно од
барањата на целната група.
За таа цел во текот на оваа обука учесниците ќе се оспособат да подготвуваат план на обука,
базиран на детална анализа на потребите за обука, како и да развијат материјали за обука
соодветни за целната група и темата на обука усогласени со искуствата и знаењата на секој
поединец со целите на обуката.
Учесниците исто така ќе бидат способни да подготват понуди за обуки, да ја утврдува цената и
да ги пренесат условите за следење на обуките и да спроведе комерцијални и административни
активности во врска со обуката.
Понатаму учесниците ќе можат да спроведуваат и менаџираат процесот на обука и да
комуницираат и соработуваат со учесниците и останатите обучувачи. Исто така,
учесниците ќе се оспособат да да ги оценуваат индивидуалните постигнувања и да спроведат
евалуација на квалитетот на реализација на програмата и процесот на обука и да водат
евиденција за учесниците во обуката, како и да бидат способни да обезбедат услови за
заштита на околината во која се изведува обуката.
По завршувањето на програмата, учесникот ќе се стекне со сертификат за обучувач на
возрасни.
Обуката вклучува теоретски и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со знаења,
вештини и пристап потребни за оспособување да работат како обучувач.
Програмата е во траење од 210 часови.
Резултатите на постигнувањата на учесниците ќе бидат оценувани на крајот од процесот на
обука и ќе се базираат на јасно поставени критериуми, кои гарантираат дека учесниците ги
имаат потребните способности да работат како обучувачи на возрасни.
Оценувањето на крајот од обуката ќе се спроведе со комбинација на пишан, усен и практичен
дел.

Верификацијата истекува во октомври 28, 2024

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

минимум средно образование

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

84

Пракса

126

Оценување

Вкупен број на часови

210

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content