Негувател на стари лица

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата „Негувател на стари лица“ е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за стручно давање на услуги за грижа и поддршка на стари и немоќни лица со различна здравствена состојба воз дравствени и социјални установи за стари лица или слични форми на социјална заштита каде овие лица престојуваат.
Учесникот во програмата ќе стекне вештини и знаења, односно ќе биде способен за:
 подготовка и помагање на старите лица во нивните дневни активности (оброци, лична хигиена, облекување,
 проверка и документирање на општата состојба на старите лица,
 користење на основни материјали, опрема и алатки во согласност со препораките за работното место,
 адекватно користење на средства за лична заштита и заштита на стари лица,
 обезбедување на психосоцијална поддршка на стари лица,
 помош во позиционирање на клиентите на најсоодветен начин за клиентот,
 помош при транспортирање на клиентот,
 администрање и обработка на податоците за негата на клиентите,
 одржување на опремата,
 комуникација со клиентите, членовите на нивните семејства и со членовите на тимот,
 одржување на безбедна и здрава животна средина и друго.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука да им овозможи на учесниците да се стекнат со сертификат „Негувател на стари лица“.
Времетраењето на програмата е 200 часа од кои 60 часа теоретска обука, 140 часа се практична обука во реални работни услови.
Теоретскиоти практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, со однапред договорена динамика со учесниците во програмата. Теоретската обука ќе се одвива во специјализирани простории во компанијата под менторство на обучувач, а практичната обука на терен во установи во кои се сместени старите лица. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секој модул преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите тематски целини преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето, пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции.
По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Негувател на стари лица“.

Верификацијата истекува во јули 7, 2024

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниците да имаат завршено минимум средно образование и да се постари од 17 години.
Учесниците во програмата не е потребно да поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од оваа област.
Учесникот во програмата треба да поседува уверение дека нема здравствени контраиндикации за обавување на оваа дејност издадено од специјалист на медицина на трудот.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

60

Пракса

140

Оценување

Вкупен број на часови

200

Датум на верификација

07/07/2021

штип

Шминкер

Ракувач со ЦНЦ машина

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content