МОНТЕР И ИНСТАЛАТЕР НА СОНЧЕВИ ПАНЕЛИ

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата за обука „Монтер и инсталатер на сончеви панели“, овозможува оспособување за монтирање и инсталирање на соларни системи и колектори. Програмата е дизајнирана да се реализира со 280 часа обука и опфаќа стручно-теоретски содржини кои се во функција на практичната обука која пак се реализира преку вежби и изработка на проектни задачи на терен. Во програмата се обработени 5 (пет) тематски целини: основи на електротехника и електротехнички материјали, соларни системи и колектори, технологија на работа и заштита при работа, монтажа и инсталирање на соларни топловодни системи, и избор и монтажа на фотонапонски системи, при што реализацијата на сите тематски целини ќе се одвива во училница/кабинет и на терен со материјали и опрема неопходни за успешна реализација на програмата.

По завршување на програмата се врши проверка на знаењата и оспособеноста на учесниците за работа со сончеви панели при што учесниците по успешно завршената проверка на стекнатите знаења се здобиваат со Сертификат по верифицирана програма од ЈУ центарот за образование на возрасните.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

Учесникот по успешното завршување на програмата ќе се оспособи да:

-применува основни законитости на електротехниката, термодинамиката и термотехниката;

-опишува соларни системи и колектори;

– монтира фотонапонски системи со примена на соодветни алати;

-пушта во работа и тестира исправност на работа на соларни системи;

-пушта во работа и тестира исправност на работа на фотонапонски системи со различни моќности;

-изведува работи согласно процедури и технолошки постапки;

-обезбедува лична заштита и заштита на околината.

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено најмалку основно образование и да се полнолетни. Пожелно средно стручно образование од машинска или електротехничка струка, или познавања од работење со сончеви панели. Секој учесник пред да започне со  реализација на програмата ќе биде тестиран во однос на познава­њата кои ги има за работа со сончеви панели, а се потребни за успешна реализација на програмата.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

84

Пракса

168

Оценување

28

Вкупен број на часови

280

Учесникот по успешното завршување на програмата ќе се оспособи да:

-применува основни законитости на електротехниката, термодинамиката и термотехниката;

-опишува соларни системи и колектори;

– монтира фотонапонски системи со примена на соодветни алати;

-пушта во работа и тестира исправност на работа на соларни системи;

-пушта во работа и тестира исправност на работа на фотонапонски системи со различни моќности;

-изведува работи согласно процедури и технолошки постапки;

-обезбедува лична заштита и заштита на околината.

Датум на верификација

12/04/2019

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content