МАСЕР

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата за Масер – класична масажа им овозможува на учесниците преку теоретска и практична
настава да се оспособат да го организираат просторот и работата во салонот за масажа, да разликуваат
локомоторен апарат (апарат за движење, коски, мускули, зглобови), што е масажа, кои движења се
применуваат во масажата, какви видови масажа постојат, индикации и контраиндикации за масажа, да
комуницираат со клиенти и соработници. Времетраењето на програмата е 4 месеци, односно 210 часа, од
кои теорија 42 часа, пракса 147 часа и оценување 21 часа. Теоретскиот дел на наставата ќе се реализира
во училница, кабинет опремен според соодветни технички услови, а практичниот дел во салон за масажа.
Оценувањето ќе се спроведува континуирано по секоја тема во тек на обуката и на крај како завршен
испит. Учесниците кои со успех ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со Сертификат за Масер по
верифицирана програма. Програмата нуди можност за напредување на повисоко ниво.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

По завршување на програмата кандидатите ќе бидат оспособени за:
– изведување на работи и работни задачи во салон за масажа,
– планирање, организирање на простор и работа во салон,
– спроведување на хигиена на просторот, инвентарот и средствата за масажа во салонот, дезинфекција на
рацете и проценка на состојбата на кожата на клиентот,
– подготвување на материјалот за работа,
– прием на клиент,
– подготвување на работно место и клиен
– проценување на состојба на кожата и мускулите,

– проценка на состојбата на кожата,
– масажа на глава,
– масажа на лице,
– масажа на врат,
– масажа на грб,
– масажа на рака,
– масажа на нога,
– примена на мерки за заштита на здравјето на клиентите и околината,
– демонстрирање позитивен однос кон работата и кон клиентот,
– применување на основни правила на однесување.

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено основно образование и возраст над 16 години, без претходно стекнати знаења за ова занимање.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

42

Пракса

147

Оценување

21

Вкупен број на часови

210

По завршување на програмата кандидатите ќе бидат оспособени за:
– изведување на работи и работни задачи во салон за масажа,
– планирање, организирање на простор и работа во салон,
– спроведување на хигиена на просторот, инвентарот и средствата за масажа во салонот, дезинфекција на
рацете и проценка на состојбата на кожата на клиентот,
– подготвување на материјалот за работа,
– прием на клиент,
– подготвување на работно место и клиен
– проценување на состојба на кожата и мускулите,

– проценка на состојбата на кожата,
– масажа на глава,
– масажа на лице,
– масажа на врат,
– масажа на грб,
– масажа на рака,
– масажа на нога,
– примена на мерки за заштита на здравјето на клиентите и околината,
– демонстрирање позитивен однос кон работата и кон клиентот,
– применување на основни правила на однесување.

Датум на верификација

19/03/2019

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content