Личен асистент на лица со попреченост

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата за лична асистенција на лица со попреченост има  за цел да придонесе за независно и самостојно живеење на лицата со попреченост и нивно активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина.

Личната асистенција на лица со попреченост е услуга од социјална заштита,  преку која се обезбедува поддршка на лицата со потешка и најтешка телесна попреченост и лицата со целосно оштетен видна возраст од 18 до 65 години во нивно осамостојување, согласно нивните индивидуални потреби.

Личната асистенцијата треба да биде прилагодена на личните и поединечни потреби  на корисникот, кој  одлучува кои активности ќе ги делегира и на кого, така што ќе му овозможи да живеe во помалку ограничена околина, односно му овозможува слобода на избор и независно раководење на личниот живот со цел да ја компензираат својата попреченост, делегирајќи ги своите задачи на други лица.

Реализацијата на програмата се одвива преку теоретски и практичен дел. Оваа програма е во времетраење од 200 часа од кои 92 часа теорија и 108 часа практична настава кои се реализираат во училница/кабинет во Црвениот крст и во дом за стари лица/специјализирани институции/во институции со организиран дневен престој и центар за асистивна технологија.

 

Самата програма е составена од 4 области/ модули:

1.Основни познавања на видовите на попреченоствидови на помагала и нивна примена

  1. Помош на работното место, образовниот процес и во заедницата
  2. Помош во домот на корисникот
  3. Комуникација и психосоцијална поддршка

По успешно завршување на програмата и со положен завршен испит кандидатот се стекнува со сертификат – „Личен асистент на лица со попреченост“.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

  • Завршено средно образование

Над 18 годишна возраст

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

92

Пракса

108

Оценување

Вкупен број на часови

200

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content