КОЗМЕТИЧАР ЗА НЕГА НА ЛИЦЕ И ТЕЛО

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата “Kозметичар за нега на лице и тело” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на козметиката. По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: организира простор и работа во салонот, применува санитарно-технички норми за спроведување на козметичка дејност,подготвува клиент за третман, спроведува третмани на лице и тело, спроведува мерки за заштита на работна и животна средина,комуницира, соработува во тим, учи доживотно и се усовршува. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на реализацијата ќе се применуваат наставни средства и помагала кои се дефинирани во точка 7 (Ресурси / опрема за настава и учење).

Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено, практична работа и на завршниот испит.

Структурата на програмата за “Kозметичар за нега на лице и тело” е следна: стручно-теоретски дел, практична обука и проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).
.
Кандидатот кој успешно ќе ја  заврши обуката се здобива со сертификат за Kозметичар за нега на лице и тело.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Основно ниво на образование: основно образование и возраст од најмалку 15 години.
Пожелно ниво на образование: тригодишно или четиригодишно образование (од било која струка).
Дополнителни барања за кандидатите: дополнителни услови не се бараат.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

49

Пракса

85

Оценување

Вкупен број на часови

134

Датум на верификација

12/12/2019

Скопје

ШМИНКЕР

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content