Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења, вештини и компетенции за послужување на храна и пијалоци во угостителски објекти, како и правилно користење на опремата и инвентарот. Покрај основните работни задачи, учесниците ќе се обучат и како да ги подготвуваат и расчистуваат површините за послужување на храна и пијалоци, да ги применуваат прописите за одржување на хигиена и заштита при работа и да ги почитуваат ХАССАП прописите.
Програмата ќе се реализира во времетраење од 180 часа.
Теоретскиот дел од обуката ќе се реализира во времетраење од 40 часа а учесниците ќе се стекнат со основни познавања за намирниците кои се користат во угостителските објекти, основите на хигиената, основи на послужување на храна и пијалоци, основи на странски јазик во струката и заштита при работа.
Практичниот дел од обуката ќе се реализира во времетраење од 120 часа и ќе се спроведува во угостителски објекти или соодветно опремени училници/кабинети.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење а по завршувањето на практичната обука следи завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците ќе се стекнат со сертификат „Келнер во угостителски објект“. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата.