Готвач гастроном – напредно ниво

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата “Готвач гастроном – напредно ниво” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на угостителството поточно од областа на готварството и надополнување на делот кој е исклучително важен а тоа е квалитет и анализа на храна во готварството. Стекнатите знаења и вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот во организација и реализација на технолошкиот процес на готвење.
Во реализација на обуката ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор), визуелни (демонстрирање), практични методи (практична работа- вежби) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Во тек на обуката ќе се применуваат наставни средства и помагала кои се дефинирани делот за ресурси, опрема за настава и учење (во точка 7).
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно-излагање, писмено-тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти и практична работа- вежби.
Структурата на програмата за “Готвач гастроном – напредно ниво” е следна:

• стручно-теоретски дел,
• практична работа и
• проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).

1. Стручно-теоретскиот дел од обуката ќе се реализира во простории опремени со компјутери, интернет, аудио и видео опрема и сл. Теоретскиот дел од обуката ќе го реализираат обучувачи со завршено високо образование, VII/1 степен, наставник со завршени студии по туризам и угостителство
2. Практичниот дел од обуката ќе се реализира во просториите на установата/институцијата за образование на возрасните и/или во современо опремени угостителски објекти, а со кандидатите ќе работат професорите од установата/институцијата за образование на возрасните и/или професори ментори или готвач со повеќегодишно работно искуство.
3. Третиот дел од програмата за “Готвач гастроном – напредно ниво” е проверка на постигањата на кандидатите или завршниот испит.
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката се здобива со сертификат за “Готвач гастроном – напредно ниво”.
Времетраењето на програмата е 4 месеци или 16 недели или 180 часа.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за угостителски работници.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Навршени 15 години

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

46

Пракса

134

Оценување

0

Вкупен број на часови

180

Датум на верификација

22/02/2021

-

Скопје

Слаткар-гастроном

Келнер гастроном

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content