Гипсер – монтер

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Основна цел на програмата е да се оспособат лица над 17 години да изведуваат работни задачи за занимањето Гипсер-монтер. Програмата е предвидена за сите кои имаат желба да се занимаваат со ова занимање на професионален начин. Истата овозможува работно оспособување за Гипсер-монтер. Програмата е во времетраење од три месеци или 300 часа, каде се опфаќаат стручни и теоретски содржини кои ќе се реализираат во училниците на универзитетот,  во специјализирани работилници кај работодавачи и на градилишта.

Во однос на структурата на реализација на програмата истата ќе биде организирана со изведување на теоретскиот дел. Исто така преку примена на формативно оценување во текот на реализација на секоја тема ќе следи усмено проверување на знаењата на кандидатите. Во текот на реализацијата на програмата ќе се води портфолио за секој кандидат и исто така ќе се вреднуваат изработките кои ќе ги содржи портфолиото. Стекнувањето на теоретска основа и позитивна оценка ќе биде предуслов за започнување на реализацијата на практичниот дел од обуката. Практичната обука ќе се реализира во специјализирани работилници за изведување на гипсерско-монтерски работи и на градилишта. Притоа активностите ќе бидат следени од искусен гипсер-монтер кој редоследно, во зависност од сложеноста на задачите, ќе ги вклучува кандидатите во практични активности. На крајот на програмата ќе следува проверка и оценување на стекнатите знаења и вештини од страна на тричлена комисија, односно ќе се спроведе оценување на практична изведба преку завршен испит.

Верификацијата истекува во април 16, 2024

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесникот треба да има завршено најмалку основно образование,

Возраст над 16 години.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

62

Пракса

218

Оценување

0

Вкупен број на часови

280

Датум на верификација

14/06/2021

Гостивар

Sидар

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content