Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за занимањето шминкер.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука. Програмата е изготвена врз основа на стандард на занимање. Потребните знаења, вештини и компетенции за занимањето шминкер ќе се стекнат преку теоретски содржини кои ќе се реализираат во опремена просторија и практична обука која ќе се реализира во салон за шминкање.

Програмата дава можност учесникот во програмата да стекне знаења, вештини и компетнции со кои ќе може да ja организира сопствената работа, да го подготвува салонот и клиентот за шминкање, да советува клиенти за избор на шминка, да подготвува и изведува шминка на тело и лице, да комуницира со клиентите, да води грижа за сопствената безбедност и безбедноста на клиентот, да води грижа за здравјето и околината, да води евиденција и изготвува пресметка за извршената работата.

Времетраењето на програмата вкупно е 220 часа, од кои за теорија се 44 часа, практична обука се 154 часа и 22 часа за оценување.

Вреднувањето на постигнувањето на учесникот се спроведува тековно и по завршување на теоретскиот и практичниот дел на обуката со проверка на стекнати знаења, вештини и компетенции.

По успешно положен завршен испит учесникот се стекнува со сертификат

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен да:
  • ја организира својата работа;
  • ги почитува мерките за рационално користење на материјалите, опремата и времето;
  • применува прописи за хигиено-технички мерки за работа во салонот;
  • го подготвува клиентот за услугата;
  • подготвува работно место;
  • подготвува клиент за шминкање;
  • избира прибор и средства за шминкање за целна и специјална шминка;
  • советува клиентите за избор на шминка, производи и прибор за шминкање;
  • шминка на лице;
применува прописи за заштита при работа.

Критериуми за влез во програмата

Учесникот во програмата не е потребно да поседува претходни знаења, вештини и компетенции со завршено најмалку основно образование на возраст над 15 години

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 44 20
Пракса 154 70
Оценување 22 10
Вкупен број на часови 220
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support