Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при  изработка на модна конфекција  како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „ Шивач на конфекциски материјал“;

Времетраењето на програмата е 504 часа од кои 102 часа теоретска обука, 354 часа се практична обука во реални работни услови и 48 час се наменети за оценувањето.

Вреднувањето на постигнувањата на учесникот се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесникот се стекнува со сертификат „Шивач на конфекциски материјал“;

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот во програмата ќе биде способен да:
  • организира простор и работа во текстилна конфекциска фабрика,
  • подготвува работното место,
  • идентификува делови на обична шивачна машина
  • ракува со машини за шиење
  • разликува и изработува различни видови на бодови
  • разликува начини на кроење и шиење
  • шие специфични кројни делови на конфекциски материјал
  • правилно користи кројни делови на конфекциски материјали
  • шие здолниште, блуза, панталони и кошула
  • контролира сошиен конфекциски производ
  • поправа конфекциски производ
  • меѓуфазно пегла кројни делови
  • спроведува технолошки постапки во конфекциското производство
применува норми на работна етика.

Критериуми за влез во програмата

Учесниците во програмата не е потребно да поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од оваа област и треба да имаа завршено најмалку средно образование.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 102 20
Пракса 354 70
Оценување 48 10
Вкупен број на часови 504
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support