Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Програмата за работно оспособување – Фризер за жени им овозможува  на учесниците преку теоретска и практична настава да се оспособат да  го организираат просторот и работата во фризерскиот салон, да разликуваат различни типови на коса, да спроведуваат разновидни фризерски третмани за нега на косата со соодветни препарати, да советува клиент за избор на третман,  да комуницира со клиенти и соработници, да ги следи модните трендови и стручно да се усовршува и надоградува, да обезбедува услови за работа, за лична и колективна заштита.. Времетраењето на програмата е 3 месеци, односно 240 часа, од кои теорија 48 часа, пракса 168 часа и оценување 24 часа. Теоретскиот дел на наставата ќе се реализира  во училница, кабинет опремен според соодветни технички услови, а практичниот дел во фризерски салони. Оценувањето ќе се спроведува континуирано по секоја тема во тек на обуката и на крај како завршен испит. Учесниците кои со успех ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со Сертификат за Фризер за жени по верифицирана програма. Програмата нуди можност за напредување на повисоко ниво за фризер.

 

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен да: - изведува работи и работни задачи  во фризерски салон, -планира, организира  простор и работа во фризерски салон, -спроведува дезинфекција и стерилизација во салонот, - го подготвува  алатот, приборот и материјалот за работа, - врши прием на клиент, - подготвува  работно место и клиент, - ја проценува состојбата на косата, - мие, негува и регенерира косата, - потстрижува коса, - обликува  коса, - ондулира коса, - бои  коса, - применува мерки за заштита на здравјето на клиентите и околината - демонстрира позитивен однос  кон работата и  кон клиентот, - применува  основни правила на однесување

Критериуми за влез во програмата

Завршено основно образование и возраст над 15 години, без предходно стекнати знаења за ова занимање

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 240 48
Пракса 20 168
Оценување 24 10
Вкупен број на часови 240
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support