Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при работа во сточарско производство, одгледување на животни за производство на млеко, месо и јајца, правилна евиденција на производството и правилно користење на машините, опремата и алатот на работното место.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука да им овозможи на учесниците да се стекнат со сертификат „Сточар“.

Времетраењето на програмата е 180 часа од кои 60 часа теоретска обука, 110 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, однапред договорено со учесниците во програмата. Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во компанијата под менторство на овластен инженер, а практичната обука на земјоделски фарми. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор, вработен во компанијата.

Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секоја тематска целина преку усна и писмена проверка, после целосна реализација на сите тематски целини преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука. По завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции. По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Сточар“.

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
  • ја планира, организира, изведува и контролира зададената работа;
  • подготвува објекти, уреди, системи и машини за сточарско производство;
  • одгледува животни за производство на млеко, месо и јајца;
  • ги подготувува животните и помага при нивното размножување;
  • произведува и подготвува сточна храна за домашните животни;
  • врши заштита и лекување на животните и живината;
  • утврдува цена на чинење на сточарските производи;
  • ги одржува уредите, системите и машините што се користат во сточарското производство;
  • ги применува стандардите и го контролира квалитетот на работата;
  • комуницира со колегите и претпоставените;
  • води грижа за заштита на здравјето на луѓето и околината, во согласност со техничките, противпожарните и другите мерки за заштита;
  • учествува и се стреми кон тимска работа.

Критериуми за влез во програмата

Учесниците да имаат завршено минимум основно образование и да се постари од 17 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 33 33
Пракса 61 61
Оценување 6 6
Вкупен број на часови 180
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support