Опис на програма

Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења, вештини и компетенции за презентирање, подготовка и послужување на вино, презентирано и сервирано со стандардни стручни техники за послужување вино и повеќе начини на послужување. Исто така ќе стекне знаења, вештини и компетенции за производството на различни видови вина.

Програмата овозможува самостојно извршување на разновидни работи и задачи од областа на сомелиерството, распознавање на видовите вина по сорта , квалитет и поднебје, изведување на сложени работи при презентирање за технолошкиот процес на производството на црвени, бели, розови и пенливи вина, следење и потенцирање на присуството на алкохол, стручно ракување со разни алатки и уреди за отварање и чување на вино, декантирање на вино, стручното послужување вино од добар познавач на виното – сомелиер.

Покрај основните работни задачи, учесниците ќе се обучат и како да ја чистат и проверуваат опремата пред и по употреба, како да ги подготвуваат и расчистуваат површините за послужување на вино и други напитоци и пијалaци, да ги применуваат прописите за одржување на хигиена и заштита при работа и да ги почитуваат ХАССАП стандардите, применувајќи мерки за здравје, безбедност и заштита при работа и заштита на животната средина. Исто така, учесниците ќе се обучат и стекнат комуникациски способности за комуникација со корисниците на услугите, љубители на врвно вино, комбинирано со храната и пијалаци и напитоци, приготвени од сомелиерот според утврдени стандарди и норми за приготвување на соодветен угостителски начин.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

Учесникот да има завршено најмалку основно образование Возраст над 18 години, психофизички здрав и да поседува уреден санитарен преглед

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 24 33
Пракса 48 67
Оценување
No instructions found !
No instructions found !
Вкупен број на часови 72
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support