Опис на програма

Собирачот и постапувачот со отпад ги познава фазите на интегрираниот систем за управување со пакување и отпад од пакување и електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, така што ги почитува сите мерки, стандарди и цели утврдени со законите што го регулираат постапувањето со пакување и отпад од пакување, и постапувањето со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, при тоа исполнувајќи минимални барања за квалитет на услуги и постапки.

 

Собирачот и постапувачот со отпад ги познава фазите на собирање селектиран отпад, транспортирање и механички третман на отпадот за негова понатамошна преработка, и има знаења, вештини и компетенции за воспоставување на интегриран систем за управување со пакување и отпад од пакување (пластика, хартија/картон, стакло, метал, дрво и композитни материјали) и управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема (со сите составни делови, потсклопови, делови и материјали) од местото на настанување до соодветна оперативна единица.

 

Програмата ќе ги опфати следните области и предмети:

  • Познавање на основни математички функции со проверка на знаењата на учесниците за основните математички операции (одземање, собирње, множење, делење)
  • Пишување, комуникациски вештини и водење на деловни книги каде на учесниците ќе им биде проверено пишувањето и ќе знаат како да водат евиденција за отпадот што го собрале и испорачале
  • Екологија и општи правила во сообраќајот каде учесниците ќе се запознаат со потребата од грижа за околината и истовремено ќе се запознаат со основните сообраќајни правила.

Заштита при работа и прва помош каде учесниците ќе се запознаат со елементите на заштита при работа на оторено и со основите на пружање прва помош себе си и на другите

Програмата е превидено да трае 34 часа и ќе се одвива со користење на неформални методи и размена на знаења како од обучувачот така и од учесниците.

Резултати од програма

Резултати кои ќе бидат постигнати со програмата се: - ги познава фазите на интегрираниот систем за управување со пакување и отпад од пакување и управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, - почитува стандарди и цели утврдени со законите што го регулираат постапувањето со пакување и отпад од пакување, електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, - спроведува оптимизирано собирање на селектиран отпад (примарна селекција во домаќинствата, претпријатијата и останати субјекти, создавачи на отпад), - врши транспортирање и механички третман на отпадот за негова понатамошна преработка - запознаен е со еколошки стандарди за животната средина, животот и здравјето на луѓето, загадување на водите, воздухот и почвата

Критериуми за влез во програмата

Кандидатот за ученик во обуката „Собирач и постапувач со отпадˮ треба да ги исполнува следните услови:
  • Да е описменет
  • Да биде со наполнети 15 години
 

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 6 18
Пракса 21 67
Оценување 5 15
Вкупен број на часови 34
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support