Опис на програма

Програмата се однесува на образование на возрасни и се состои од 14 теми, поделени во 3 модули.Реализирањето на програмата е за период од 3 месеци. Програмата е наменета за лица кои сакаат или имаат потреба од стекнување на основни познавања од областа на  сметководството што ќе им овозможи проширување на нивните знаења и вештини и полесно вклучување на пазрот на трудот. Програмата службеник во книговодство на слушателот ќе му овозможи стекнување на базични знаења, вештини и компетенции кои можат да му послужат и за понатамошно усовршување во областа на занимањето ,,службеник во сметководство“. Реализирањето на третиот модул од програмата ќе креира поврзување меѓу работодавачите и барателите на работа на пазарот на трудот

Резултати од програма

По завршувањто на обуката според програмата службеник во книговодство, учесникот ќе биде подготвен да:разликува информации од финансиските извештаи на трговските друштва; користи сметковен план;контира сметководствени настани;евидентира постојани средства;евидентира тековни средства,евидентира капитал и обврски,евидентира трошоци,расходи и приходи;изработува калкулации и врши пресметки за потребите на сметководствената евиденција;евидентира пресметка и распределба на финансиски резултат;применува законска регулатива и стандарди;применува сметководствени принципи и правила; применува  стекнати знаења,вештини и компетенции од доменот на службеник во сметководство при реализирање на практична обука во книговодствено биро или фирма

Критериуми за влез во програмата

  • Лицето да има завршено средно четиригодишно образование
  • Лицето да биде постаро од 17 години

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 30 30
Пракса 57 60
Оценување 9 10
Вкупен број на часови 96
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support