Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Sorry, this entry is only available in Macedonian. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

После завршување на обуката која се состои од два модула, и успешно положениот тест, учесникот ќе биде способен да:

Прво ниво на сертифицирање:Продавач – демонстратор -презентира производи и истите ги продава на потенцијалниот купувач;

Второ ниво на сертифицирање: Продавач –телемаркетинг – подготвува документација, ги проверува изворите на информации, врши продажба преку каналите за електронска комуникација.

 

Обуката ќе биде организирана во два модула, односно во две нивоа:
прво ниво: Продавач – демонстратори
второ ниво:
Продавач – телемаркетинг.

 

По завршувањето на првото ниво на програмата, учесникот ќе се стекне со сертификат запродавач – демонстратор.

После завршувањето на второто ниво од програмата учесникот ќе се стекне со сертификат за продавач – телемаркетинг.

Учесникот може да премине на второто ниво доколку го има завршено првото ниво и се има стекнато со сертификат за продавач – демонстратор или има најмалку двегодишно искуство како продавач – демонстратор.

Обуката вклучува теориски и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со знаења, вештини и ставови потребни за оспособување да работат како продавачи – демонстратори (прво ниво), односно продавачи – телемаркетинг (второ ниво).
Првото ниво од програмата е во траење од 180 часови, а второто ниво е во траење од 120 часови.

Резултатите на постигнувањата на учесниците ќе бидат оценувани на крајот од процесот на обука и ќе се базираат на јасни поставени критериуми, кои гарантираат дека учесниците ги имаат потребните способности да работат како продавачи – демонстратори (прво ниво), односно продавачи – телемаркетинг (второ ниво).
Клучно во обуката е активно учество на учесникот во неа.
Процесот на обука ќе биде адаптиран согласно специфичните потреби на секој учесник.
Оценувањето на крајот од обуката ќе се спроведе со комбинација на пишан, устен и практичен дел.

Резултати од програма

(Mk) Прво ниво: Продавач – демонстратор   По завршувањето на обуката учесникот ќе биде способен за:
  • Планирање и организирање на работата и подготовка на работното место;
  • Следење назалихите;
  • Вршење прием на стоките;
  • Учество во пописот на залихите;
  • Ги подготвува стоките за продажба;
  • Продава стоки и услуги;
  • Работи на каса;
  • Работи согласно со квалитетот и законските прописи и стандарди за квалитет во трговијата;
  • Комуницира со потрошувачите, добавувачите и соработниците;
  • Води грижа за сопствената безбедност и безбедноста на клиентот, како и врши заштита на здравјето и околината.
Второ ниво:Продавач – телемаркетинг   По завршувањето на обуката учесникот ќе биде способен да:
  • Планира и организира подготовка на работното место;
  • Јаподготвувадокументацијаигипроверуваизворитенаинформации;
  • Вршиинформирањепрекуканалитезаелектронскакомуникација;
  • Вршипродажбаиактивностипопродажбатапрекуканалитезаелектронскакомуникација;
  • Правианкетипрекуканалитезаелектронскакомуникација;
  • Водиевиденцијаијаархивираделовнатадокументација;
  • Сегрижизаквалитетотиуспешностанаработатаиработнатаоколинасогласносопрописите, содобритеделовниобичаи и стандарди;
  • Јапроверуваработатанатехничкатаипрограмскатаопрема;
  • Комуницирасоклиентитеисосоработниците;
  • Води грижа за сопствената безбедност и безбедноста на клиентот, како и заштита на здравјето и околината.

Критериуми за влез во програмата

(Mk) Прво ниво Критериум за влез во програмата за прво ниво е учесникот да има:
  • завршено минимум основно образование;
  • јасна и реална идеја за развој на сопствен професионален проект по завршување на обуката.
Второ ниво Учесникот може да премине на второто ниво доколку го има завршено првото ниво и се има стекнато со сертификат за продавач – демонстратор или има најмалку двегодишно искуство како продавач – демонстратор.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 54 30
Пракса 108 60
Оценување 18 10
Вкупен број на часови 180
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support