Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Главна цел на програмата е да го оспособи учесникот активно да ги користи софтверите за графички и веб дизајн во функција на понатамошно образование или вклучување на пазарот на трудот.

Програмата овозможува учесниците да добијат знаење и вештини за графичко дизајнирање на брошури, флаери, логоа и дизајн, односно програмирање на веб сајт кој ќе биде атрактивен, едноставен за користење, добро структуриран и прегледен.

За да се стекнат потребните знаења и вештини планирани се 228 часа, кои може да се реализираат со динамика (5х4 часа неделно). Така планираните содржини од Програмата би се реализирале за период од околу 3 месеци).

Најпрво се дијагностицираат претходните знаења на учесникот со цел да се формираат покомпактни групи.

Програмата опфаќа содржини од областа на ИТ безбедност, графички и веб дизајн. Ќе се изучуваат програмите: Adobe (Photoshop, Dreamweaver, Illustrator), HTML5 + CSS3, JavaScript, WordPress програмирањe...

Вреднувањето на знаењата ќе се врши континуирано во текот на наставата:

– ќе се реализира формативно следење кое вклучува изработка и водење на портфолио на учесниците:

        – собирање на показатели (изработени задачи на компјутер) за секој ученик посебно;

        – тековни (формативни) однапред подготвени евалвациони листи за секој учесник.

– ќе се следи редовност на учесниците, активност на часот, исполнителност при изработка на домашни задачи и постигнувања на контролните тестови.

На крајот на обуката учесниците полагаат завршен тест.

По завршвање на обуката учесниците ќе се стекнат со сертификат ОПЕРАТОР ЗА ВЕБ ДИЗАЈН.

Ќе добијат одлична основа за:

–  понатамошно напредување и надоградба на знаењата со PHP програмирање,

–  да се вклучат на пазарот на трудот,

–  да работат во фирма или хонорарно,

–  да работат на проекти за странски фирми или во сопствена дизајнерска фирма.

Резултати од програма

Образовната програма ќе ги подготви учесниците во функција на понатамошно образование, но и да се вклучат на пазарот на трудот со сите потребни компентенции и вештини од областа на ИКТ, графички и веб дизјан, и самостојно да ги извршуваат секојдневните задачи на работа или да си обезбедат самовработување.

Критериуми за влез во програмата

Учесниците во програмата ќе можат да се запишат ако имаат: - завршено најмалку основно образование со познавања од областа на информатиката MS Windows 7 + MS Word 2010/13+ Internet  (средношколци), - завршено средно (или повисоко) образование со познавања од областа на информатиката MS Windows 7 + MS Word 2010/13+ Internet.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 68 30
Пракса 137 60
Оценување 23 10
Вкупен број на часови 228
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support