Опис на програма

Главна цел на програмата за негувател/ка за стари и немоќни лица е работно да ги оспособи учесниците за стручно давање на услуги за грижа, нега и психо – социјална поддршка на стари и немоќни лица со различна здравствена состојба во здравствени и социјални установи за стари лица или слични форми на социјална заштита каде овие лица престојуваат. Ова е специјализирана програма каде учесниците ќе ги стекнат потребните компетенции преку теоретскиот и практичниот дел на посебната програма.

Програмата е со времетраење од вкупно 250 часа од кои има предвидено часови за теоретска интерактивна обука, практична обука која ќе се одвива преку вежби и активности во старски домови под менторство на негувателки, болничарки или медицински сестри кои завршиле работилница за едукатори. Распределбата на часовите ќе ја следи процентуалната застапеност на теоретски дел, практичен дел и дел за проверка на знаењата.  Преку практичниот дел од програмата се предвидува стручно-работно оспособување на учесниците за практична примена на знаењата стекнати во теоретската настава и дефинирана со курикулумот, давање професионална и соодветна нега и психо-социјална поддршка на старите и немоќни лица во здравствени и социјални установи или во домашни услови. Теоретскиот дел од наставата ќе се реализира во работните простории на Центарот за семејна медицина. Наставниот кадар кој ќе ја остварува наставата ќе ги следи пропишаните норми според Правилникот за стандарди, простор и опрема на ЦОВ.

Проверката на знаења ќе ги следи правилниците на ЦОВ, па следствено ќе постои писмено оценување, усмено оценување и практична изведба.

Учесниците во оваа програма кои со успех ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со Сертификат „Неговател/ка за стари и немоќни лица “

Резултати од програма

По завршување на програмата, учесникот ќе се оспособи да: - професионално и етички работи, согласно регулативни и правни кодекси, почитувајќи ги правата на пациентите, - препознава и одговара на морални / етички дилеми и прашања во секојдневната грижа за стари лица. - ефективно комуницира: со пациенти, семејства и социјални групи, здравствени соработници. - познава начин на соопштување лоша вест на старо и изнемоштено лице и членови на семејство - ефективно комуницира со дементни лица - му овозможува на старите и изнемоштени лица и нивните семејства да ги изразат своите грижи, верувања, желби, да може соодветно да одговорат, како и соодветно да дејствуваат со цел спречување злоупотреба. - препознава анксиозност, стрес и депресија - препознава и применува комуникациски техники за промовирање на благосостојбата на старите и изнемоштени лица - користи холистички, толерантен, неосудувачки и чувствителен начин во секојдневната грижа, водејќи сметка за почитување на правата, верувањата и желбите на старите лица. - развива свесност за постоење на различни улоги, одговорности и функции на медицински и немедицински кадар.

Критериуми за влез во програмата

  1. Наполнети 18 години
  2. Копија од диплома за завршено мин средно образование - 3 години
  3. Лекарско уверение за психофизичка способност

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 75 30
Пракса 150 60
Оценување 25 10
Вкупен број на часови 250
  • Скопје
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support