Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување за занимањето Монтер на соларни топловодни и фотонапонски системи и истата е со тромесечно времетраење, односно 380 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница /кабинет и се во функција на практичната обука која пак се реализира преку практични вежби од областа на монтажата и одржувањето на сончевите топловодни системи и сончевите фотонапонските системи.Дел од практичната обука ќе се реализира преку реализација на вежби од планирање, избор и и монтажа на сончеви топловодни и сончеви фотонапонски системи, давање напатствија за нивно експлоатирање и одржување. Ваквите активности ќе се реализираат со работа во реални услови на монтажа и одржување на вакви системи
По завршување на програмата учесникот полага завршен испит. Учесникот кој со успех ќе го положи завршниот испит ќе се здобие со Сертификат по верифицирана програма од ЈУ центар за образование на возрасните за занимање Монтер на соларни топловодни и фотонапонски системи Програмата дава можност за вертикална проодност од повисоко ниво

Резултати од програма

Учесникот по успешното завршување на програмата ќе се оспособи за планирање и организирање за изведување на работи и работни задачи Монтер на соларни топловодни и фотонапонски системи и ќе може да работи самостојно како монтер и сервисер на соларни топловодни и фотонапонски системи, или да работи во некој бизнис со ваква дејност. Учесникот ќе се оспособи да прибира класира и презентира информации, да ја планира и организира работата, да обезбедува потребен потрошен материјал запазувајќи ги стандрадите за квалитет на соодветната нарачка за вградените елементи и материјали во соларните топловодни и фотонапонски системи, ќе испорачува квалитетни услуги, ќе почитува деловни принципи, етика и морал, ќе ги применува мерките за лична заштита, заштита на поединци и групата, заштита на околината, ќе ги познава правата и должностите од работен однос и сновите за отварање и водење на сопствен бизнис.

Критериуми за влез во програмата

Завршено најмалку основно образование, пожелно трет степен на образование од машинска, електро струка.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 20
Пракса 266 70
Оценување 38 10
Вкупен број на часови 380
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support