Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции кои ќе му овозможат оспособување за монтирање и инсталирање на соларни системи и колектори.

Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат „Монтер и инсталатер на сончеви панeли“.

Времетраењето на програмата е 280 часа од кои  84  часа теоретска обука, 168 часа се практична обука во реални работни услови и 28 часа се наменети за оценувањето. Теоретската обука ќе се реализира во училница/кабинет, а практичната обука се одвива преку вежби и изработка на проектни задачи на терен во простории опремени за реализација на обуката. Програмата обработува тематски целини од: основи на електротехника и електротехнички материјали, соларни системи и колектори, технологија на работа и заштита при работа, монтажа и инсталирање на соларни топловодни системи, избор и монтажа на фотонапонски системи.

Вреднувањето на постигањата на учесникот се спроведува по завршувањето на реализацијата на теоретскиот дел преку проверка на знаење, а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат и стекнатите вештини и компетенции.

По завршувањето на програмата се врши проверка на знаењата и оспособеноста на учесниците за работа со сончеви панели при што учесникот по успешно завршената проверка на стекнатите знаења се здобиваат со Сертификат „Монтер и инсталатер на сончеви панли“.

Резултати од програма

Учесникот по успешното завршување на програмата е оспособен да: -применува основни законитости на електротехниката, термодинамиката и термотехниката; -опишува соларни системи и колектори; -пушта во работа и тестира исправност на работа на соларни системи; -пушта во работа и тестира исправност на работа на фотонапонски системи со различни моќности; -изведува работи согласно процедури и технолошки постапки; -обезбедува лична заштита и заштита на околината.

Критериуми за влез во програмата

Минимум завршено средно образование и возраст од најмалку 15 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 84 30
Пракса 168 60
Оценување 28 10
Вкупен број на часови 280
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support