Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Програмата за обука „Монтер и инсталатер на сончеви панели“, овозможува оспособување за монтирање и инсталирање на соларни системи и колектори. Програмата е дизајнирана да се реализира со 280 часа обука и опфаќа стручно-теоретски содржини кои се во функција на практичната обука која пак се реализира преку вежби и изработка на проектни задачи на терен. Во програмата се обработени 5 (пет) тематски целини: основи на електротехника и електротехнички материјали, соларни системи и колектори, технологија на работа и заштита при работа, монтажа и инсталирање на соларни топловодни системи, и избор и монтажа на фотонапонски системи, при што реализацијата на сите тематски целини ќе се одвива во училница/кабинет и на терен со материјали и опрема неопходни за успешна реализација на програмата.

По завршување на програмата се врши проверка на знаењата и оспособеноста на учесниците за работа со сончеви панели при што учесниците по успешно завршената проверка на стекнатите знаења се здобиваат со Сертификат по верифицирана програма од ЈУ центарот за образование на возрасните.

Резултати од програма

Учесникот по успешното завршување на програмата ќе се оспособи да: -применува основни законитости на електротехниката, термодинамиката и термотехниката; -опишува соларни системи и колектори; -пушта во работа и тестира исправност на работа на соларни системи; -пушта во работа и тестира исправност на работа на фотонапонски системи со различни моќности; -изведува работи согласно процедури и технолошки постапки; -обезбедува лична заштита и заштита на околината.

Критериуми за влез во програмата

Завршено најмалку основно образование и да се полнолетни. Пожелно средно стручно образование од машинска или електротехничка струка, или познавања од работење со сончеви панели. Секој учесник пред да започне со  реализација на програмата ќе биде тестиран во однос на познава­њата кои ги има за работа со сончеви панели, а се потребни за успешна реализација на програмата.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 84 30
Пракса 168 60
Оценување 28 10
Вкупен број на часови 280
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support