Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за занимањето маникир и педикир.
Начинот на реализација на програмата е преку практична и теоретска обука. Програмата е изготвена врз основа на стандард на занимање.Потребните знаења, вештини и компетенции за занимањето ќе се стекнат преку теоретски содржини кои ќе се реализираат во опремена просторија и практична обука која ќе се реализира во козметички салон опремен со потребниот алат и прибор за маникир и педикир.
Програмата дава можност учесникот во програмата да стекне знаења, вештини и компетeнции со кои ќе може самостојно да ја планира и организира работата и работните задачи, дакомуницира со клиенти и со деловни партнери, да работи во тим за изведување на различни техники на маникир-педикир, да обликува нокти на раце и нозе, да врши декорација и разни техники на надградба на нокти, нега на стапала, нега на нокти на нозете, да користи професионални апарати и препарати, да применува хигиено-технички мерки за лична заштита, заштита на клиентите и околината, и води контрола на извршените услуги, да ги познава правата и обврските од работен однос, отворање и водење на сопствен бизнис, да води евиденција и изготвува пресметка за извршената работата.
Времетраењето на програмата вкупно е 220 часа, од кои за теорија се 44 часа, практична обука се 154 часа и 22 часа за оценување.
Вреднувањето на постигнувањето на учесникот се спроведува со тековно проверување на теоретскиот и практичниот дел на обуката со проверка на стекнати знаења, вештини и компетенции.
По успешно положен завршен испит учесникот се стекнува со сертификат „ Маникир и педикир “.

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен да:
  • ја организира и планира сопствената работа и прави преглед на закажаните третмани;
  • создава хигиено-технички услови за работа;
  • подготвува работно место
  • подготвува и го заштитува клиентот за козметички третман;
  • избира козметички препарати, инструменти и апарати за козметички третман според состојбата на кожата и ноктите;
  • применува техника на маникир на природни нокти;
  • применува техника на надградба на вештачки нокти (гел и акрил техника);
  • применува техника на лакирање (класично, сликарски техники, украсување, француски маникир);
  • дава совети за состојба на ноктот кој не дозволува третман (габични, меки нокти, кршливи, нерамни и нокти кои се раслојуваат);
  • одредува состојба на кожа на стапалата и ноктите;
  • обработува жулеви на стапалата;
  • применува техника за нега стапала (пилинг, масажа, маска, растителни пакувања, парафин);
  • води евиденција на извршени третмани;
  • применува кодекс на однесување и следи етика во работењето;
  • советува и помага при избор на третман и дава совети за избор на препарати за домашна нега;
применува хигиенско-технички заштитни мерки и средства при работа во согласност со законските прописи.

Критериуми за влез во програмата

Учесникот во програмата не е потребно да поседува претходни знаења, вештини и компетенции, да е со завршено најмалку основно образование и да е на возраст над 15 години.    

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 44 20
Пракса 154 70
Оценување 22 10
Вкупен број на часови 220
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support