Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување за келнер и истата е со  тромесечно времетраење, односно 320 часа  и опфаќа  стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во ресторани, кафулиња  и хотели.

По успешното завршување на програмата  учесникот ќе  се оспособи да ја  подготвува и ја организира сопствената работа, да комуницира со клиентите и соработниците, применувајќи ги принципите на работна етика, да врши подготвителни работи во офисот и салата за послужување и

применува кодекс на облекување да пречекува и прима гости, да прима порачки и послужува гости со примена на угостителските техники на послужување, да приготвува и послужува отворени, флаширани и мешани пијалаци, да работи во точилница, да врши пресметка на услугите, да ги испраќа гостите, да работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работата и услугите, да врши работи во согласност со прописите за заштита на работната средина

и околина, да ги познава правата од работен однос и можностите за отварање и водење на сопствен бизнис.

По завршувањето на програмата учесникот полага завршен испит. Учесниците кои успешно ќе го положат завршниот испит се стекнуваат со сертификат „ Kелнер ” по верифицирана верифицирана програма.

Резултати од програма

Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе се оспособи за  изведување на работи и работни задачи Келнер  ќе комуницира со соработниците, применувајќи ги принципите на работна етика, ќе врши подготвителни работи во офисот и салата за послужување и ќе го применува кодекс на облекување, ќе пречекува и прима гости, ќе прима порачки и послужува гости со примена на угостителските техники на послужување, ќе  приготвува и послужува отворени, ќе може да работи  во точилница, ќе врши пресметка на услугите, ќе  ги испраќа гостите, ќе  врши работи во согласност со прописите за заштита на работната средина и околина и  ќе ги познава правата и од обврските кои произлегуваат од работен однос и деловното комуницирање.

Критериуми за влез во програмата

Завршено најмалку основно образование и над 16 годишна возраст.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 20
Пракса 230 70
Оценување 30 10
Вкупен број на часови 320
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support