Опис на програма

Целта на програмата е да се оспособат лица не помлади од 17 години да изработуваат, монтираат и сервисираат градежна столарија.
Програмата ќе се реализира училници и предавални, а практичната обука ќе се реализира во столарски работилници кои произведуваат градежна столарија од дрво, ПВЦ и алуминиум, со претходно склучен договор за соработка. Период од еден месец посетителите ќе реализираат практична работа во столарски работилници за производство на градежна столарија (дрво, ПВЦ и алуминиум).
Програмата содржи вкупно 220 часови од кои 70 теоретска настава, 140 практична настава I и и тоа:познавање на материјалите за изработка на градежна столарија,технологија на изработка и монтажа на градежна столарија со заштита при работа,конструкција на градежна столарија,претприемништво,бизнис и изработка на готов производ,10часа проверка на компетенциите. Теоретската настава и писмените проверки на знаења ќе се реализираат во Приватната образовна установа – отворен граѓански универзитет за доживотно учење ,,Ванчо Прќе“ Штип , додека практичниот дел ќе се спроведува во столарски работилници,со кои установата склучува договор за соработка.
Програмата е наменета за работоспособни лица со завршено минимум основно образование, не помлади од 17 години, кои сакаат да се појават или веќе се на пазарот на труд, со афинитети кон столарството. Бројот на една група кандидати, зависи од просторните можности, но се препорачува да не изнесува повеќе од 12 учесници. Можни се повеќе групи, имајќи предвид дека е можна реализација на програмата во повеќе работни смени во текот на денот.
Програмата ќе биде организирана во 6 модули и по секој модул ќе се врши проверка на стекнатите знаења и вештини преку писмен тест и практична демонстрација. По завршувањето на програмата ќе биде спроведен завршен испит пред тричлена комисија, по чие успешно полагање се издава сертификат за работно оспособување за занимањето Изработувач и монтажер на градежна столарија.
Во наставата ќе бидат применети следните методи: предавања, дискусии во групи, набљудување, истражување/откривање, учење насочено кон решавање проблеми, практична настава во столарски работилници. Програмата ќе биде реализирана од Дипл инженер за дрвна индустрија и столар/столар мајстор со долгогодишно работно искуство.
Програмата ќе биде подложна на внатрешна евалуација. Ќе бидат спроведени две анкети: една на почетокот и една на крајот од програмата. Анкетите ќе бидат спроведени во форма на писмени прашалници кои ќе бидат сместени и онлајн, а на крајот ќе биде изготвен финален извештај од резултатите на анкетите. За целите на евалуацијата ќе биде ангажирана канцеларија/агенција со искуство во изготвување на алатки за внатрешна евалуација

Резултати од програма

Учесниците ќе бидат способни да: - читаат едноставно изведувачки цртежи, скици и опис на работите од областа на занимањето - утврдуваат работни чекори, средства и методи на работа во зависност од примената на суровините и помошни материјали - планираат подготвуваат и изведуваат работи и врши проверка на квалитетот на извршените работи - примаат, класифицираат и складираат материјал за работа - одржуваат техничка исправност на алатите, машините и приборот за работа. - ракуваат со алатите, машините и уредите за изработка, монтажа, сервисирање на градежна столарија - ракуваат со класични или нумерички управувани машини за изработка на градежна столарија - обработуваат површински градежната столарија - користат рационално средства за работа, енергијата, материјалите и времето - подготвува профили за кроење - вршат дупчење на елементите - изработуваат профили на елементите и едноставни шаблони и модели - избираат конструктивни елементи за составување - го контролираат квалитетот на обработените елементи - изработуваат и монтира производи - ја поправаат и одржуваат столаријата - подготвуваат дневни извештаи за производите и прави основни сметки за чинење на производот - пакуваат, складираат и транспортираат елементи или готови производи - почитуваат принципи на естетика и обликување на производите (дрво, пластика и алуминиум) - вградуваат изолациони материјали во прозорите и вратите за топлотна, звучна и хидро заштита - обработуваат (сечи, дупчи, обликува, моделира штрафи, кова суровини и помошни материјали - ги почитуваат ХТЗ и ППЗ стандардите - комуницираат со вработените и странките и нарачателите

Критериуми за влез во програмата

Учесниците треба: - да имаат завршено основно образование - да бидат државјани на Р. Македонија - да не бидат помлади од 17 години

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 70 30
Пракса 140 65
Оценување 10 5
Вкупен број на часови 220
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support