Опис на програма

– Главна цел на програмата: Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники на графичкиот дизајн и подготовката на фајловите за печатење, како и правилно користење на опремата и инвентарот на работното место.
– Начин на реализација: Програмата ќе се реализира преку практична и теоретска настава, која ќе води до стекнување на сертификатот.
Времетраењето на програмата е 220 часа од кои 45 часа теоретска обука, 165 часа се практична обука во реални работни услови и 10 часа се наменети за оценувањето. Теоретскиот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците а практичниот дел ќе се изведува од понеделник до петок. Теоретската обука и практичната обука се спроведуваат во просториите на компанијата.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на теоретскиот дел преку проверка на знаење со цел споредба на знаењето пред и после теоретската обука а по завршувањето на практичната обука следи и завршен испит преку кој ќе се дефинираат стекнатите вештини и компетенции. По успешно положен завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат Изработувач на визуелни апликации

Резултати од програма

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: • ја организира својата работа; • ги почитува мерките за рационално користење струја, материјал и време; • применува прописи за заштита при работа; • разликува технолошки постапки за печатње на одделни видови печатени материјали; • сам да дизјанира, нареди и подготви за печат на различни видови печати материјали (рекламни материјали, книги, картонска амбалажа, етиукети итн.) • направи подготовка за печат и процесира плочи за одреден производ • ги чита и соодветно примени упатствата наведени во работниот налог; • да ги пополнува соодтвените записи за квалитет и одржување на машина

Критериуми за влез во програмата

- минимум средно образование и возраст од најмалку 18 години. - Активно познавање и работење во следниве апликации: Аdobe (Photoshop, Illustrator, In Design), CorelDRAW, QuarkXPress; - Изразена желба за развој и создавање на печатени производи со иновативен графички и индустриски дизајн; - Флексибилност и подготвеност за работа во тим; - Активно познавање на англиски јазик;

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 45 20
Пракса 165 75
Оценување 10 5
Вкупен број на часови 220
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support