Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување за Заварувач и истата е со  тромесечно времетраење, односно 320 часа  и опфаќа  стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во браварско – заварувачко работилница.

По успешното завршување на програмата  учесникот ќе  се оспособи да ја планира и организира работата, ги подготвува работното место, уредите и мерните алат и прибор, да ги  проверува, приспособува и одржува опремата, уредите и средствата што се користат во работата, да обезбедува квалитет на услугите и извршените работи, да комуницира со соработниците и клиентите, да почитува  деловни принципи, да ги  врши заварувачките и репаратурните работи според постапките на заварување  рачно електролачно и пламенско заварување, да ги обезбедува потрошните материјали во зависност од процесот на работа, да ги обработува работните налози и техничката документација потребна за извршување на работните задачи, да  користи стручната литература и упатства за квалитетно извршување на работата, да ги применува мерките за лична заштита и заштита на околината, да ги познава правата од работен однос и водење на сопствен бизнис. По завршувањето на програмата учесниците кои  со успех ќе го положат завршниот испитот се стекнуваат со Сертификат за Заварувач.

Резултати од програма

Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе се оспособи за  изведување на работи и работни задачи Заварувач  (рачно електролачно и пламенско заварување), ќе ги проверува, приспособува и одржува опремата, машините, уредите и средствата што ги користи во работата, да обезбедува квалитетни услуги и извршени работи, да комуницира со соработниците и клиентите, ќе почитува деловни принципи, ќе изведува заварувачки и репаратурни работи според постапките на заварување  рачно електролачно и пламенско заварување, ќе обезбедува потребни основни и потрошни материјали во зависност од процесот и постапката на заварување,  ќе ги применува мерките за лична заштита и заштита на околината, ќе ги познава правата од работен однос. Основи за отварање и водење на сопствен бизнис.

Критериуми за влез во програмата

Завршено најмалку основно образование и над 16 годишна возраст. Психофизички здрав емоционално способен и стабилен, да има афинитет за оваа работа, да има осет за допир, растојание и способност за работа на висина.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 64 20
Пракса 224 70
Оценување 32 10
Вкупен број на часови 320
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support