Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Електроинсталатер и монтер на станбени објекти претставува посебна програма за стекнување на стручни квалификации, со стекнување посебни знаења, вештини и способности на кандидатите и истата опфаќа теоретски и практичен дел кој ќе се реализира во вкупно 240 часа за обука.
Теоретскиот дел содржи општ и посебен дел со кој кандидатот се здобива со потребните знаења, вештини и компетенции.
Со практичниот дел од програмата се предвидува стручно-работно оспособување на кандидатите за практична примена на постапките за монтирање и ставање во функција на јакострујни инсталации до 1KV, дефинирање и избор на параметрите, самостојно изведување на работните задачи и визуелна контрола.

Резултати од програма

Како резултат од спроведената обука се очекува кандидатите да се стекнат со следниве способности и компетенции: • чита едноставни електрични шеми, проекти и опис на работите од областа на занимањето; • утврдува работни чекори, средства и методи на работа; • примање и проучување на работна и техничка документација, подготовка на алат и прибор за работа; • да разликува различни видови на изолирани кабли според пресек и број на жиците, во зависност од потребите; • правилно и во согласност со прописите да поставува електрични кабли и истите да ги припреми за поврзување; • поставува и изведува електрични врски во спратна табла со осигурувачи; • да ги познава електричните симболи и истите да ги применува во електричните шеми; • поврзување на различни типови на инсталациони прекинувачи, приклучници, светлечки тела и друго во електрична инсталација; • изработува еднофазна и трофазна инсталација спрема зададена еднополна шема; • да врши мерење на електрични големи, напон, струја, отпор, моќност.; • да применува заштитни средства при работа и инсталирање на електрична инсталација; • пуштање во работа на електрична инсталација и испитување исправност и фунционалност на електричната инсталација;

Критериуми за влез во програмата

За исполнување на критериумите, кандидатите треба да имаат: • Завршено минимум основно образование, а повисок степен на образованиe ќе се смета за предност при упис. • Не е потребно да поседуваат предходни знаења, вештини и компетенции од оваа област. • Кандидатите треба да бидат постари од 17 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 17 17
Пракса 190 79
Оценување 8 3
Вкупен број на часови 240
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support