Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Програмата дом мајстор (ХАУС МАЈСТОР) се состои од .четири тематски целини. Клучна улога во овој вид на образование има мотивацијата што обучувачот треба да ја пружи како инструктор и како контролор на стекнувањето на вештините на учесникот.

Тој е повикан да му помогне на учесникот во стекнување на вештини преку  усни искажувања, демонстрирање на вештините како и развивање на знаењата кои учесникот треба да ги стекне во текот на обуката, но и поттикнување на учесниците за самообразование.

Обуката  по тематските целини  е ориентирана кон стекнување на практични вештини и знаења, односно ориентирана е кон постигнување на целите.

Во таа насока обучувачот ќе користи такви  форми  и методи кои ги овозможуваат постигнувањето на целите. Пожелно е да се користи  макрометодот проектна задача. Врз основа на проектната задача и резултатите од спроведените  тестови обучувачот има видување за постигнувањето на целите од програмата. За сите изработки на учесниците се води евиденција  во нивните портфолија. Оваа програма води кон сертификат за  дом мајстор во кој ќе бидат внесени стекнатите вештини и знаења.

Во рамките на оваа програма е и испитот на крајот од обуката и  истиот се состои од практична задача и стручно – теоретски дел. Практичната задача се состои од изработка на вежба. Стручно теоретскиот дел се состои од тест задачи.

Испитот на крајот од обуката се изведува пред комисија, која ги следи и оценува чекорите во изготвувањето на вежбите и секој член од комисијата независно ги пополнува оценувачките листи. Резултатите од практичната задача и од стручно – теоретскиот дел влијаат во конечното вреднување на постигањата на учесниците.

      Услов за стекнување на сертификат за дом мајстор е учесникот успешно да ги изврши сите предвидени задачи и активности и на крајот да го положи финалниот тест кој се состои од стручно – теоретскиот дел и практична задача.

Резултати од програма

По завршувањето на обуката учесникот
  • применува основните закони од електротехниката,
  • познава материјалите од кои се изработени лифтовите, елементите од громобранската инсталација,
  • успешно демонтира и монтира светлечки тела,
  • чита шеми според потребата на интервенција,
  • применува постапки на стружење, заварување, дупчење, менуваат брави,
  • врши интервенции при оштетувања на ѕидни и подни плочки,
  • врши корекции при нанесување на малтери,
  • менува и интервенира при замена на водоводна инсталација,
  • корегира и менува дрвени врати и прозори,
  • користи заштитни средства и материјали во текот на работењето,
  • планира работа врз основа на барања на клиенти,
  • избира материјали според барања на клиенти во текот на работењето,
  • штеди на материјали и време на извршувањето на работата,
го контролира работењето и врши надзор на извршената интервенција, а за одредени задачи бара стручна помош.

Критериуми за влез во програмата

Влезот во ова занимање е слободен. Учесниците треба да имаат завршено средно стручно образование од
  • машинска струка
  • електротехничка струка
  • дрво-преработувачка струка
  • градежно-геодетска
друго средно образование со тригодишно работно искуство

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 60 25
Пракса 156 65
Оценување 24 10
Вкупен број на часови 240
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support