Опис на програма

Програмата за обука за дизајнер на веб страни  претставува посебна програма за преквалификација или доквалификација со стекнување посебни знаења, вештини и способности на кандидатите.

Главна цел е учесникот по завршување на обука од програмата  да се оспособи за самостојна работа,активно да ги користи новите принципи на дизајнирање насочени кон корисникот, техниките за веб оптимизација и аналитика, како и софтверите за веб дизајн и анимација во функција на понатамошно образование и вклучување на пазарот на труд.

По успешно завршување на програмата учесникот ќе се оспособи да: креира визуелен приказ на целосно прилагодлива веб страна, изработува прототип и истиот да го автоматизира и тестира, изработува основни веб анимации, анимира објекти и ефекти, изработува реална анимација и анимира карактер, користи специјални ефекти на анимации, звучни и визуелни ефекти, изработува стратегија и истражува за клучни зборови, врши оптимизација на содржина (текст, наслови, внатрешни и надворешни линкови),организира и архивира документи за потребите на работното место, комуницира, соработува во тим, учи  и се усовршува.

Содржините од програмата ќе се  реализираат како теоретски и практичен дел и би се завршило со полагање на завршен испит.

Теоретскиот дел е со содржини со кој кандидатите ќе се здобијат со потребните знаења предвидени во содржината на модуларните единици  и ќе се реализира во училница опремена за теоретска настава со целосна подршка на интернет мрежа за да се доближат содржините од стручно теоретскиот дел до учесниците, додека со практичниот дел од програмата се предвидува работно-стручно оспособување на кандидатите за практична примена на наученото од областа на веб дизајн.

Како начин на реализација на обуката ќе се применуваат современи методи, вербални, демонстрирање, практична работа-вежби и домашни задачи кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

Програмата ќе се реализира со вкупно 100 часа со следниве модули:

-Организација и подготовка на работа

-Дизајн на веб страна

-Веб оптимизација и анимација

-Основи на веб кодирање

-Бизнис и претприемништво

Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката, ги изработи проектните задачи за Дизајн на прототипна веб страна и Веб оптимизација и веб аналитика, како и го положи завршниот испит, ќе се стекне со сертификат за дизајнер за веб страни.

Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот, како и нивно осамостојување при извршување на секојдневните задачи на работа и/или обезбедување на самовработување.

Резултати од програма

По успешното завршување на програмата учесникот ќе биде способен да: - организира активности за подготовка на работното место; - препознава корисничко искуство во процес на дизајнирање; - креира стратегија на производ базирана на корисничко искуство; - креира кориснички профили и сценарија; - креира корисничка мапа за конкретизирање на дизајнот; - поставува структура на производ (веб страна, апликација и сл.); - креира прототипен дизајн за производ (веб страна, апликација и сл.); - користи софтвер за веб анимација; - подесува параметри и организира документи во софтвер за веб анимација; - изработува основна веб анимација; - генерира напредни движења; - изработува реална анимација и анимира карактер; - публикува анимација; - изработува стратегија и истражува за клучни зборови; - оптимизира содржина (текст, наслови, внатрешни и надворешни линкови); - дизајнира Landing Pаges и креира кампањи со Google Ads; - прилагодува преглед на интерфејс и општи функционалности; - користи Google Analytics и поврзувања со Google Ads; - изработува бизнис план.

Критериуми за влез во програмата

За исполнување на критериумите, кандидатите треба да имаат:   -Завршено најмалку основно образование. -Да има наполнето најмалку 15 години.

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 20 20
Пракса 70 70
Оценување 10 10
Вкупен број на часови 100
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support