Setup Menus in Admin Panel

Опис на програма

Програмата овозможува работно оспособување за Готвач во угостителски објект и истата е со  тримесечно времетраење, 320 часа  и опфаќа  стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во кујни во ресторани и хотели. Oбуката ја изведуваат реномирани наставници со повеќегодишно искуство  во училишта по соодветни наставни содржини и ренимирани готвачи во угостителски објекти и хотели. Во текот на обуката се врши формативно оценување на постигнувањето на целите во текот на обуката. Резултатите од обуката се евидентираат во портфолиото но учесникот.

Учесникот по успешното завршување на програмата  лага завршен испит пред комисија. На добиената задача треба да даде образложение  на потребни материјали средства за работа, опис на редоследот на операциите на она што ќе го подготвува и истото (јадење, предјадење или салата) да го аранжира во соодветни садови.

По успешно завршување на завршниот испит учесникот се стекнува со сертификат по верифицирана програма за ГОТВАЧ ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ.

Програмата дава можност за вертикална проодност од повисоко ниво..

Резултати од програма

Учесникот  по успешното завршување на програмата ќе се оспособи за  изведување на работи и работни задачи Готвач во угостителски објект, ќе комуницира со претпоставените, соработниците, ќе составува листата на јадења и менија за редовни и вонредни оброци, ќе приготвува различни видови ладни и топли предјадења, супи, чорби и потажи, основни сосови и фондови, јадења од месо, риби со прилози, вегетаријански и национални јадења, салати, ќе  сервира, декорира и ќе ги испорачува јадењата во соодветни садови, ќе ја води и ја ажурира евиденцијата за работата во кујната, ќе работи во согласност со нормативите и ќе гарантира за квалитетот на работата и услугите, прописите за заштита на работа, да почитува работна етика и морал, ќе ги познава правата од работен однос и постијано ќе се усовржува и надоградува.

Критериуми за влез во програмата

Завршено најмалку основно образование и над 16 годишна возраст. Санитарна книшка

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 64 20
Пракса 224 70
Оценување 32 10
Вкупен број на часови 320
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support