Опис на програма

Подготвување на околина за развивање на веб страна (собирање на потребни материјали и ресурси, инсталација на софтвер и уредувачи на Веб страни).

Манипулирање со веб страна преку креирање на елементи и процеси преку влијаење на изворниот код на веб страната.

Поставување на изработената веб страна на сервер.

Дефинирање на начин за одржување и креирање на потребна документација за користење на развиената веб страна.

Примена на веб апликации за оптимизација на веб страни во насока на зголемување на рејтингот на истите.

Резултати од програма

Критериуми за влез во програмата

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да - Применува техники за поставување на цели и организација на работни активности - Комуницира со клиентот за обезбедување на информации потребни за уредување, одржување и манипулација со Веб страната - Уредува и применува елементи за дизајн на веб страна - Користи HTML – јазик за создавање на веб страници со сите негови елементи - Работи со CSS - јазик за стилски страници што се користи за опишување на презентациската семантика - Користи JavaScript- скриптен јазик кој е објектно ориентиран, со цел користење на повеќе хардверски и софтверски платформи - Разликува алатки и софтвер за развивање на веб страници со нивна целосна функционалност - Применува кодирање при манипулирање со веб страните - Користи PHP програмски јазик за развивање на динамични веб страници - Идентификува елементи за оптимизација на веб страната - Применува различни техники за оптимизација на веб страната во техничкиот и маркетингшкиот дел. - Изработува извештај и презентација за изработената веб страна

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 15 25
Пракса 40 67
Оценување 5 8
Вкупен број на часови 60
0 STUDENTS ENROLLED
    Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
    top
    © 2018 Developed by Unet
    Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support