Опис на програма

Програмата за обука Асистент за грижа на лица со попреченост претставува посебна прогарма за преквалификација или доквалификација со стекнување посебни знаења, вештини и способности на кандидатите за давање на услуги во домашни установи на лица со попреченост кои поради својата попреченост не се во состојба на да се грижат за себе.Учесникот ке се оспособи да ја планира, подготвува,и организира работата самостојно во домашни установи и/или под надзор на стручно лице во специјализирани институции/установи.
Посебната програма опфаќа теоретски и практичен дел кој ќе се реализира во вкупно 240 единици за обука (една единица е еквивалент на еден наставен час).
Теоретскиот дел содржи општ и посебен дел со кој кандидатот се здобива со потребни знаења предвидени во содржината на предметите.
Со практичниот дел од програмата се предвидува стручно-работно оспособување на кандидатите и стекнување со сертификат за Асистент за грижа на лица со попреченост.

Резултати од програма

Како резултат од спроведената обука се очекува кандидатите да се стекнат со следниве способности и компетенции: -познава да го дефинира поимот попреченост, -ги препознава правата лицата со попреченост, -ги знае обврските на лицата со попреченост, - да ги разликува потребите на лицата со попреченост како и да им помага и да ги насочува лицата со попреченост кои наидуваат на проблеми во секојдневието, -ги анализира потребите поред степенот на попреченоста, барањата и желбите на лицата со примена на основни знаења, -извршува проверка на состојбата на домаќинството, покуќнината, уредите,проодноста,достапноста и опремата за припомош на лицата со попреченост, -да планира спроведување на активности поттикнувајќи го лицато со попреченост на активно учество, -да познава и применува техника за помош при одржување на лична хигиена, -да знае техника за отстранување на отпадни материи и излачевини (со цел спречување на инфекции), применува техника за помош при местење на кревет и менување на постелнина, -техника на миење и бањање на лицата со попреченост, -да го знае значење на нормалната и здрава исхрана како и бенефитот од косумирање на здрава храна,која е богата со протеини и есенцијални масни киселини, -примеува техника на хранење на лица со попреченост со природна исхрана и води грижа за хигиена на храната и приборот за јадење и вклучување на лицата со попреченост во подготовката на секојдневните оброци. -учествува и помага во активно уклучување на лицето со попреченост во заедницата,да го подобри пристапот во услуги во заедницата,спроведе можности за развој на широк спектар на односи и врски во заедницата, -да знае да го запознае лицето со попреченост за услугите кои може да ги користи според степенот на попреченоста и да му помага и едуцира правилно да ги употребува помагалата кои ги користат лицата со попреченост - да ги поттикнува когнитивните способности кај лицата со попреченост да го поттикнува, насочува, охрабрува и мотивира лицето со попреченост кон развој на способностите на личноста и како навважен дел воведување и откривање на работоспособноста на лицата со попреченост. - да применува техника за да го поттикне насочи, охрабрува и мотивира лицето со попреченост во извршување на работната терапија со цел подобрување на попреченоста. -да знае да му помогне на лицето со попреченост пти транспорт до соодветен центар за спроведување на физикална терапија. -да познава да ги разликува типови на рецепти да набаува лекови според упатствата на лекарот, идентификува облиците на лекови, набавува лекови во консултација со лекарот и негува позитивен однос кон болниот и грижата за правилно и навремено земање на перорална терапија. - да применува методи за опуштање и релаксација кај лицата со попреченост (читање, гледање телевизор, прошетка, организирани предавања...)

Критериуми за влез во програмата

За исполнување на критериумите, кандидатите треба да имаат: 1.Да има завршено минимум средно образование 2.Да има наполнето најмалку 17 години 3.Да имаат лекарско уверение дека се психофизички здрави

Времетраење на програмата

Времетраење на програма Вкупен број на часови Изразено во проценти
Теорија 84 35
Пракса 124 52
Оценување 32 13
Вкупен број на часови 240
Copyright © 2016 Adult Education Centre. This project has been funded with support from European Commission. This web site reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.
top
© 2018 Developed by Unet
Page Reader Press Enter to Read Page Content Out Loud Press Enter to Pause or Restart Reading Page Content Out Loud Press Enter to Stop Reading Page Content Out Loud Screen Reader Support