dav

Национални агенции за европски програми и мобилност

Во Загреб Р.Хрватска во период од  31.05-02.06.2017 година се одржа настан организиран од страна на Националните агенции за европски програми и мобилност на Р.Македонија,Р.Хрватска и Р.Словениа.

На настанот се разгледуваат можности за поврзување на институциите од областа на  образование на возрасни, земји кои вклучуваат и луѓе со помали можности и тоа луѓе со:

Потешкотии во учењето: рано напуштање на училиштето, нискоквалификувани возрасни,
Економски пречки: луѓе со низок животен стандард, ниски приходи, приматели на социјална помош, луѓе во долгови или со финансисики проблеми.
Културни разлики: емигранти, бегалци, луѓе кои припаѓаат на национално или етничко малцинство со јазични потешкотии и потешкотии при адаптација и социјализација. На настанот активно учество со свој претставник зема и Центарот за образование на возрасните.

dav

Обука за обучувачи на возрасни

Во рамките на ИПА Проектот ,,Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системите за стручно образование и обука и образование на возрасните ” се доделија сертификати за успешно завршена обука :Обука за обучувачи на возрасни.Со сертификати се стекнаа и дел од вработените во ЈУ ЦОВ

Obuka COV 1 (43)

Обука за менаџирање на тим,конфликти и ефективно преговарање

Вработените во Центарот за образование на возрасни-Скопје учествуваа во обуката со тема “Обука за менаџирање на тим,конфликти и ефективно преговарање” организирана од страна на Центарот за доживотно учење-Скопје.
Ова обука се одржа во Охрид, 24-27.04.2017 година,истата е профолжение на постојаниот циклус на обуки кои ги следат вработените на ЦОВ,се со цел да се подобри нивниот напредок во нивните секојдневни задолженија и задачи и подобрување на политиките на ЦОВ во иднина, посебна благодарност до Центарот за доживотно учење-Скопје, кои дадоа финансиска и организациска поддршка за успешна реализација на овие обуки.

DOM

„Денови на занаетчиството Скопје“

Директорот на ЦОВ г-а Линдита Ќазими присуствуваше на манифестацијата „Денови на занаетчиството Скопје“ одржана на 27.04.2017,манифестацијата беше организирана од страна на Занаетчиска комора а финансирана од страна на Министерство за економија.

Целта на манифестацијата „Денови на занаетчиството Скопје“ е да го промовира занаетчиството и занаетчиите, односно нивните производи и услуги, да го доближи занаетчиството до младите луѓе, до граѓаните и до институциите, да поттикне континуирана кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој, за зачувување на традицијата и културата на нашата земја, како и можност за квалификација и оспособување на идниот занаетчиски кадар и можност за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните кои се занимаваат со занаетчиска дејност.

15000750_1219409754785068_1937404155252089849_o

Семинар за признавање и валидација во образование на возрасни

Од 06.11 – 10-11.2016 во Толедо, Шпанија се одржа контакт семинар за признавање и валидација во образование на возрасни.

На семинарот учество земаа 50 учесници од цела Европа. Од Р.Македонија имаше 3 претставници: Од  ЈУ Центар за образование на возрасни, М6 Едукативен Центар и НВО Жетва на знаење.

На семинарот беа промовирани  предлози за Проекти за мобилност  или стратешки партнерства  кои се поврзани со признавање и валидација на вештини во образованието на возрасни.

Учесниците имаа можност да добијат  повеќе информации за Еразмус+ Програмата и карактеристиките на Секторот за образование на возрасни како и  информации за примери со добри практики во полето на признавање и валидација на компетенции и вештини од организации кои веќе имаат развиено проекти за Европска соработка.

bhmk

„Размена на андрагошки кадри од Босна и Херцеговина и Македонија“

На 04.11.2016 (петок) во просториите на Центар за образование на возрасните Скопје,се одржа состанок со цел билатералната стручна размена меѓу Македонија и Босна и Херцеговина со Тема: Образованието на возрасни во Република Македонија – Актуелности и предизвици, и во тој контекст колегите од Босна и Херцеговина слушнаа повеќе за нашата институција, нашата работа и придонес на полето на образованието на возрасните во РМ, а тоа ќе им биде од големо значење бидејќи во Босна и Херцеговина се уште немаат таква Јавна установа,овој состанок беше еден од активностите од семинар организиран од DVV International со тема: “Размена на андрагошки кадри од Босна и Херцеговина и Македонија”.

kercov

ДЕНОВИ НА ДОЖИВОТНО УЧЕЊЕ Кичево, 13.10.2016

Во рамки на овогодинешната манифестација Денови на доживотно учење на 13-ти октомври во Кичево се одржа трибина на тема: „Можностите за образование на возрасни – Доживотното учење во општеството“. Организатор на овој настан беше Центарот за развој на заедницата од Кичево со финансиска поддршка од DVV Intеrnational од Бон, СР Германија. Целта на трибината беше запознавање со можностите за доживотно учење во општина Кичево, запознавање со улогата и придонесот на институциите, надлежни за имплементација на политиките за градење и развој на системот за образование на возрасни во нашата земја.
Значајно беше присуството на Министерот за образование и наука, г-дин Пиштар Љутфиу, како покровител на кампањата. Во неговото обраќање тој истакна дека Владата се стреми кон јакнење на системот за образование на возрасни и развивање на национална стратегија за доживотно учење.
Како дел од оваа трибина Јавната установа Центар за образование на возрасните ја презентираа нивната улога и надлежностите, како и процесот на верификација на програми и институции за образование на возрасни.
Центарот за доживотно учење на присутните ја презентираше улогата во развојот на образованието на возрасните во Република Македонија и промоцијата на доживотното учење.
Присутните од општина Кичево имаа можност да добијат јасна слика за состојбата на образовната политика со акцент на доживотното учење. Оттаму се разви голема дискусија, со размена на информации и интеракција помеѓу присутните и надлежните институции за образование на возрасни.
Овој настан предизвика голем интерес кај пошироката јавност и медиумите.
ddu-2016-tetovo

Денови на доживотно учење Тетово 2016 година

Со цел да се промовира значењето на доживотното учење во Република Македонија, и да се поттикнат креативни идеи и пристап за образование на возрасни, 13-та година по ред во Република Македонија се организираат  Денови на доживотно учење.

Предвидените активности во 2016 година се спроведуваат под покровителство на Министерство за образование и наука на Република Македонија, во организација на Центар за доживотно учење – Скопје и ЈУ Центар за образование на возрасни – Скопје, со финансиска поддршка од ДВВ Интернационал-Бон, Германија. Преку организација на конференции, модерирани дискусии, презентации, изложби и други активности, Деновите на доживотно учење во 2016 година ќе бидат одбележани во четири општини и тоа:  Тетово, Кичево, Охрид и Струмица.

Активностите во регионот на Тетово ќе бидат организирани од страна на Здружение Институт за развој на заедницата (ИРЗ) – Тетово, и според програмата, предвидено е да се одржи конференција со модерирана дискусија, како и работилница за користење на дигитални медиуми.

Работилница за Валидација на неформалното и информалното учење (ВНИУ – развој на националниот патоказ. Втора работилница)

На 11-12 април, 2016 година во хотел Солун, Скопје се одржа Работилница во организација на ЈУ Центар за образование на возрасни- Скопје во соработка со Европска Фондација за обука (ETF). На работилницата беа претставници од повеќе институции. Целта на оваа работилница беше да ги дефинирање  на патоказот за Валидација на неформално и информално учење (ВНИУ)  за земјата .

Националната група од повеќе институции е  од суштествено значење за оваа работилница, за разјаснување на концепти, приоритети, активности кои треба да се планираат во координација со други тековни проекти во релевантни области, и усогласување на препораките за конечната верзија на Патоказот.

Работилницата беше вклучена и сесија на размена на знаењата со цел да ги запознае учесниците за ВНИУ практиките во земји со искуство во областа. Беше презентиран  системот на ВНИУ во Франција од страна на експертката Yolande Fermon .

DSC_0042

Работилница за стратешко планирање на Центарот за доживотно учење

На 8-ми и 9-ти март директорката на Центарот за образование на возрасните, Линдита Ќазими, учествуваше на работилницата за организационо јакнење и стратешко планирање на активностите на Центарот за доживотно учење. Со цел да се постигне јасна цел за позицијата на Центарот во 2020 година, во рамките на работилницата беше анализиран целокупниот досегашен  развој на образованието на возрасни во Република Македонија и  улогата на DVV International, односно Центарот за доживотно учење, во истиот.  Во процесот на планирање на идните цели беа земени во предвид сите тековни трендови кои влијаат на образованието на возрасни во Република Македонија, како и идните планови и стратегии на национално ниво во оваа област.

Со цел да се утврди улогата на Центарот за доживотно учење, како еден од клучните партнери во целокупниот систем на развој на образованието на возрасни во Република Македонија, на работилницата учествуваа и други претставници од Центарот за образование на возрасните, како и претставник од Отворениот граѓански универзитет Јошка Свештарот од Струмица.

Работилницата ја водеше германскиот експерт Јохен Тепфер,а истата беше поддржана од страна на DVV International.